Празнична драма на Галичица скијање со поглед

Вести

Иако за празниците многумина се иселија привремено од државава, ние не би биле skimacedonia ако не мислиме на скијање, избор на линии, следење на метео прогноза, ски услови и најдобар баланс да се биде на скијање ама и тука близу до реалноста чисто околината да те смета за нормален.

Низ западните планини на Македонија и големите планини на југот , првите денови од малиот пролетен одмор донесоа влажен студен бран, добар студен дожд и нов снег над 1700 метри доволен да не натера погледите покрај Охридско езеро да ни бидат кренати нагоре кон Магаро, Галичица. Нормално овие провокации не пропуштивме да ги провериме…

Убавините сме ги коментирале и промовирале постојано наназад скоро секоја сезона, но следниот период повеќе би дале акцент на инфраструктурниот развој на оваа велелепна локација.

#skimacedoniaONtour

Претходен написи
Готов е дизајнот за првата Македонска бесконечна трансверзала
Следен напис
„Македонија виа Италија“ изложба на фотографии од Влатко Рафески