По повод 14-ти Ноември – светскиот ден на дијабетесот, Бојан Киров, лице со дијабет тип 1, се обиде 5 пати да го искачи врвот на планината Водно (1060 м.н.в.), со што им посвети по 1 метар на секое дете и возрасен со тип 1 дијабетес – 5000 лица во Македонија.
„Јас сум лице со дијабетес тип 1. Со оваа состојба живеам целиот мој живот. 14-ти Ноември е светски ден на дијабетесот, го искачив Водно 5 пати, почнувајќи од фонтаната кај полициската станица до врв до планонарскиот дом Даре Џамбаз. 5-те искачувања симболично би значеле 5000 метри искачување, колку што има луѓе во нашава држава со дијабетес тип 1“ – вели Бојан Киров.
Цел на обој негов проект се подигање на свеста за дијабетесот во нашата држава, запознавање со дијабетесот и со оние кои живеат со него, разбивање на стигмата за дијабетесот, но и начинот и стилот на здрав чивот – движењето и планинарењето како превенција од дијабетесот.
„Сакам за секој еден дијабетичар да му посветам по 1 метар искачување, со што ќе испратиме сите заедно една убава и хумана порака дека физичката активност и планинарењето се одлична превенција за сите луѓе со дијабетес и дека оваа состојба не е пречка да се постигнуваат било какви физички успеси. Убава можност да го промовираме планинарењето и да им дадеме поттик на сите дијабетичари во Македонија (40.000 вкупно) да бидат физички активни и да го следат мојот пример“.
Во овој проект асистираа Д-р Катерина Адамова – специјалист ендокринолог, Д-р Александар Манолев – специјалист интернист, кој воедно е и претседател и на Планинарско Друштво Скопска Црна Гора, кој го прати тренажниот процес и има целосен увид на неговата физичка и ментална подготвеност, има контрола на тоа која храна како се одразува на шеќерот и кој го придружува на последните 2 искачувања; Д-р Елена Манолева Николовска – специајлист педијатар, составен дел од медицинската екипа пред Даре Џамбаз.
Бојан Киров – Џими (45 години) pо професија е oвластен сметководител и управител на приватна компанија. Дијагнозата за дијабетес тип 1 ја добил на 06.01.1978, кога имал само 2 години. Од најрана возраст, следењето на гликемиските вредности и броењето калории стануваат негово секојдневие. Од 2005 година активно планинари и се занимава со планински велосипедизам. Досега ги има искачен сите повисоки врвови во нашата држава, како и повеќето врвови во соседните држави: Бугарија, Грција, Црна Гора. Движењето низ планина делува одлично на неговото здравје, особено на добрата регулација на шеќерот во крвта.