Љубовта кон Шара, секој нејзин здив, секоја нејзина падина, секој врв постојано нè инспирира да создаваме, да креираме, да ја воздигнуваме. Љубовта кон неа создаде една желба за пренесување и доближување на магијата на Шара до многу поширока заедница.
Со досегашните Шарпланински базари и ПроШАРАЈ настани ја раширивме нашата љубов и ја пренесовме до сите оние кои сакаат природа, добра забава, авантури, чист воздух и супер дружби.
Оваа година ПроШарај 2025 ќе биде место за викенд уживање со збогатена содржина распределена во два дена. ПроШАРАЈ 2025 ќе се одржи на 16 и 17 август 2025 година во Конак, во дворот на манастирот.
Покрај вообичаените активности, оваа година програмата ја надополнуваме со следниве содржини:
• Панел дискусија на тема „Мајка Шара“ со Tomas Performance, Илина Арсова и Перица Сарџоски, која ќе ги истражи врските помеѓу спортот, перформансите, планината и здравјето.
• Изложба „Патеписи“ на Илина Арсова, која ќе ги претстави нејзините инспиративни патувања и доживувања.
• Еко Шарпланински Базар, каде ќе бидат изложени ракотворби и производи од одржливо-одговорни брендови и креатори.
• Халк Еко Детско Катче, посветено на најмладите посетители со едукативни и забавни активности.
• Кратка тура со електрични велосипеди со Shar Outdoors, за сите љубители на природата и авантурата.
• Креативна работилница за реупотреба на лименки од Скопско, со фокус на рециклирање и креативност.
• Работилницата “Од Конец до креација” со The Crochet Dream, каде ќе се учи за уметноста на хеклањето.
•Планинарска тура до Јелак во соработка со ПСК Поларис – Куманово, за истражување на убавините на Шара.
• Детска работилница и дружење со Стоби Флипс и Мачорот Флип, за љубопитните млади истражувачи
• Музички сетови со Dj Mike West, Dj Rudi, Dj S.A.M., Dj Oky Doky, кои ќе се погрижат за одлична атмосфера и забава
Сите учесници на овој настан се првенствено одржливо – одговорни бренди и креатори со цел промовирање на подобар и поквалитетен начин на живот. Истовремено, дел од нив творат и создаваат на тема планина, одржливост, рециклирање.
Ве очекуваме на ПроШарај 2025 за незаборавно искуство во прегратките на Шар Планина!
АГЕНДА
16 АВГУСТ (САБОТА)
13:00 – 14:30
Халк Еко Детско Катче
15:00 – 17:00
Dj Capee & Manojlov
Креативна работилница за реупотреба на лименки од Скопско
17:00 – 20:00
Работилницата “Од Конец до креација” со The Crochet Dream
20:00 – 22:00
Панел дискусија на тема „Мајка Шара“ со Томас Перформанс, Илина Арсова и Перица Сарџоски
17 АВГУСТ (НЕДЕЛА)
08:00
Планинарска тура до Јелак со ПСК Поларис – Куманово
10:00 – 12:00
Еко акција, чистење на настанот во соработка со Скопско
11:00
Dj Mike West
Поставување на штандови од базарот
12:00
Почеток на Еко базарот
12:00- 14:00
Детска работилница и дружење со Стоби Флипс и Мачорот Флип
12:00 – 14:00
Dj Rudi
14:00 – 16:00
Dj S.A.M.
16:00 – 18:00
Dj Oky Doky
18:00
Затворање на настанот