Скијачкиот центар Равна (Република Српска) Босна и Херцеговина, носител на модерните идеи и развој на скијачките спортови, ja гради првата затворена скијачка сала на Балканот. На површина 16.000 m² ќе има патека од 350 m, снежен парк, крос-кантри патека, тобоган и парк за бебиња. Салата ќе се напојува од обновливи извори на енергија и ќе овозможи скијање во текот на целата година. Покрај постојната скијачка патека долга 12 километри, гондолата и паркот Дино, се планира изградба на хотел со спа објекти. Скијачка патека е со висинска разлика од 100 метри и ширина од 45 метри.
