Размрдувањето започнува

Вести

Надвор од стандардните глечер центри, полека почнаа да отвараат ски центрите низ алпите и Скандинавија. Речиси по стандарден редослед секоја година стартуваат дел од скандинавските па алпските ски центри.

Финскиот ски центар Ruka користи конзервиран снег од претходните зими. Па преку негово разместување центарот може да понуди околу 200 дена скијање по сезона.

Levi го направи истото за да има доволно снег за да биде домаќин на трките од Светскиот куп во слалом сезонава. Годинава се одржува од 16-ти до 17-ти ноември а ќе се натпреваруваат и мажите и жените.

Kaunertaler Gletscher е еден од деветте ски центри отворени на алпите. Утре отвара и Kitzsteinhorn – Kaprun

Hintertux, Austria
Pitztal, Austria
Stubai, Austria
Soelden, Austria
Val Senales, Italy,
Passo Stelvio, Italy
Saas-Fee, Switzerland
Zermatt, Switzerland

Претходен написи
Зошто скијачите насекаде ги напуштаат центрите и качуваат низбрдо
Следен напис
Freeride World Tour се враќа во Франција