Реализирано 8-то издание Tour De Galicica

Вести

Заврши 8-то издание на веќе традиционалниот спортско-рекреативен настан, “Ајде шана мана под Галичица . Речиси 300 наши гости имаа можност да се уверат дека природата на Галичица е уникатна и неповторлива, а самите спортски активности кои ги организиравме беа добра можност да се осети сета таа убавина одблиску. Како организатори, сакаме да ја искажеме нашата огромна благодарност до сите кои учествуваа на овој настан.

Оваа година љубителите на “Ајде шана мана под Галичица” имаа можност да посетат поголем дел од убавините на Преспа и Национален парк Галичица. Задоволните гости и позитивните вибрации кои се чувствуваа изминатиов викенд во Ресен, Стење и на Галичица се наша обврска за догодина да бидеме уште подобри домаќини.

Претходен написи
Сашко Кедев го освои и Нанга Парбат висок 8.125 метар
Следен напис
ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ НИЗ ШУМА