Родова еднаквост за пред камери реалноста сосема друга

Вести

Промоција на родова еднаквост, почит, права и фер игра е секогаш за пред камери, реалноста сосема поинаква. Приоритет се политички, бизнис и пријателски пазарење во секој сегмент од општеството.

Деновиве нашиот голем пријател и соработник Илина Арсова, алпинистка која го реализираше проектот 7 највисоки врвови на седум континенти револтирано реагираше и јавно праша “По кој критериум се доделуваат наградите за исклучителен придонес во спортот, афирмација и промоција на Македонија на меѓународен план?” .

Илина на својот профил наведе:

“Ова е класичен пример за нефер игра, дискриминација на жените во спортот и деградирање на нивни евидентни спортски резултати

„Утрово прочитав вест дека се објавени добитниците на државната награда „8 Септември“.

Меѓу добитниците не прочитав ниту едно женско име! Малку истражив и се уверив дека и години наназад меѓу наградените спортисти нема жени. Сепак АМС веќе 7 години промовира „СТРАТЕГИЈА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ 2013-2020“?!

Сите се сеќаваме на 2013 кога АМС направи голема неправда при доделување на наградите „Спортски оскар“, деградирајќи го успехот за искачување на Монт Еверест од прва жена од Македонија. Меѓувреме во понатамошната соработка и поддршка на двете последни експедиции, агенцијата за спорт истакна дека време е да ја поправат грешката направена од тогашното раководство. Оваа година бев номинирана за државна награда, во категорија индивидуални достигнувања, за искачувањето на 7-те највисоки врвови на секој континент, како единствена Македонка и една од 70-те жени во историјата.

Па, ме интересира по кој критериум се доделуваат наградите за исклучителен придонес во спортот, афирмација и промоција на Македонија на меѓународен план?

Бидејќи јас еве се потрудив да најдам повеќе информации за достигнувањето на добитниците, но не успеав да најдам соодветни резултати, достојни за вакво признание. Од друга страна се прашувам дали има друг спортист од нашата земја за кој најпознатата спортска телевизиска мрежа ESPN објавила статија, или пак некој друг што испишува историја со национални достигнувања во планинарските спортови, во континуитет од десет години?

Зарем ОВА НЕ е промоција на Македонија?

Ова веќе не е тажно, ова е смешно и патетично!

Една од главните пораки на модерниот спорт е „Фер Плеј“.

Ова е класичен пример за НЕ- Фер игра, дискриминација на жените во спортот и деградирање на нивни евидентни спортски резултати.“

Претходен написи
Каква политика тераат премиерите на Словенија и Австрија
Следен напис
Како изгледа новата uphill патека на Водно