Промотивна акција на дел од секција I7 на Македонската бесконечна трансверзала, на потегот Висечки мост на Пчиња – Кастел – Бункери под Црн Врв
Датум: Недела, 05.04.2026 г. , 08:00 часот
Асоцијацијата Македонска Бесконечна Трансверзала – Саммиана ве води по новата патека која е наменски пробиена со цел збогатување и подобрување на трасата на секцијата I7, а која ги поврзува висечкиот мост на Пчиња под манастирот Св. Јован Ветерски и Црн Врв на Градиштанска планина водејќи преку локалитетите Кастел на Пчиња и Бункери под Црн Врв.
Во изминатиот период се проби и маркираше оваа нова патека како поживописна опција во однос на претходната траса во овој предел на трансверзалата а сега е време и да ја споделиме со поширок круг на планинари кои ќе имаат можност за првпат да ја поминат истата и да уживаат во овој живописен предел на кањонот на реката Пчиња и западните падини на Градиштанска планина.
За патеката:
Тежината на патеката се смета за тешка и не е за секого !
Патеката вклучува некои помали технички елементи, поминување по сипари, карпи, прескокнување на повеќе потоци и воопшто терен на нова и неразгазена патека. Должината е 20.2 км или приближно 6-7 часа одење во двата правци, со вкупна висинска елевација од 810м

Задолжителна / Препорачана опрема:
∙ Кабаница за дожд
∙ Разгазени обувки
∙ Планинарски стапчиња
∙ Облека соодветна на времето, резервна топла облека, капа, очила за сонце…
Храна: Тоа што ќе си понесете според вашите дневни потреби
Вода: Понесете 1-2 литри или според сопствените потреби. Чешма за дополнување има на половина од патеката
ВАЖНО: Учеството е бесплатно и е со сопствен превоз но бројот на учесници е ОГРАНИЧЕН поради ограничениот паркинг за возила на стартната позиција, па следствено ве замолуваме да го потврдите вашето присуство навреме, а краен рок за пријавување доколку има место е Петок 03.04.2026
Лицата кои нема да бидат пријавени неможе да учествуваат на турата.
Kонтакт за пријавување:
Игор Смилев 075 361 877
ПОЧЕТНА ТОЧКА: Собирната точка ќе ви биде објаснета во моментот на пријавување.
НАПОМЕНИ:
∙ Доколку временските услови не дозволуваат реализација на акцијата, истата ќе биде откажана.
∙ Секој учесник доаѓа на сопствена одговорност и лично си одговара за сопствената психо-физичка кондиција.
∙ Учесниците во акцијата се должни да ги почитуваат насоките на водичите. Во спротивно самите се одговорни за несаканите последици
∙ Водичите имаат право да исклучат учесник/-ци на акцијата на почеток или во текот на акцијата доколку не ги почитуваат објавените насоки, не ја поседуваат соодветната планинарска опрема и не ги почитуваат насоките на водичите
∙ Водичите го задржуваат правото на промена на условите на објавената акција согласно условите на теренот






