Проектот опфаќа реконструкција на машинските и на електричните делови на лифтовите. Ќе бидат заменети влечните јажиња, котвите, се врши ремонт на моторите, комплетна замена на електрониката и управувачките делови на ски-лифтовите.
Компаниите „Инокс-сервис“ од Кочани и „НАСА КОМ“ од Скопје, се фирмите кои преку тендерска постапка се избрани за изведувач и надзор за проектот „Реконструкција на ски-лифтовите на Пониква“.
За реконструкцијата на двата ски-лифта на Пониква, во вкупна должина од 692 м, се наменети 4 милиони и 800 илјади денари, средства обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка, Министерството за локална самоуправа и Општина Кочани.
Спортско-рекреативниот центар „Пониква“ е единствен ски-центар во Источниот Плански Регион, кој е зацртан во Просторниот план на Македонија како еден од 34-те зимски туристички центри. Ценатор е сместен на 1650 метри на осоговските планини.
Реализацијата на овој проект ќе придонесе за подобрување на туристичката понуда, модернизација на туристичката инфраструктура, ќе ги подобри условите и капацитетите за скијање.
Инаку да напоменеме до сите упатени и неупатени, низ алпите, ски центрите даваат гратис жичари или лифтови само некој треба да ги донесе како старо железо. Ништо страшно, постари од нашите не може да бидат.