Се реновираат ски лифтовите на Пониква

Вести

Проектот опфаќа реконструкција на машинските и на електричните делови на лифтовите. Ќе бидат заменети влечните јажиња, котвите, се врши ремонт на моторите, комплетна замена на електрониката и управувачките делови на ски-лифтовите.

Компаниите „Инокс-сервис“ од Кочани и „НАСА КОМ“ од Скопје, се фирмите кои преку тендерска постапка се избрани за изведувач и надзор за проектот „Реконструкција на ски-лифтовите на Пониква“.

За реконструкцијата на двата ски-лифта на Пониква, во вкупна должина од 692 м, се наменети 4 милиони и 800 илјади денари, средства обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка, Министерството за локална самоуправа и Општина Кочани.

Спортско-рекреативниот центар „Пониква“ е единствен ски-центар во Источниот Плански Регион, кој е зацртан во Просторниот план на Македонија како еден од 34-те зимски туристички центри. Ценатор е сместен на 1650 метри на осоговските планини.

Реализацијата на овој проект ќе придонесе за подобрување на туристичката понуда, модернизација на туристичката инфраструктура, ќе ги подобри условите и капацитетите за скијање.

Инаку да напоменеме до сите упатени и неупатени, низ алпите, ски центрите даваат гратис жичари или лифтови само некој треба да ги донесе како старо железо. Ништо страшно, постари од нашите не може да бидат.

Следи ја во живо Пониква

Претходен написи
Се врши рехабилитација на останатиот дел од патот Пониква – Кочани
Следен напис
Една навистина ретка прошетка до Лешница
Мени