Дел од планински врв Südliches Fluchthorn висок 3400 метри отиде во заборав. Со топење на перамфрост почвата, повеќе од 100.000 кубни метри карпи паднаа во долината и предизвикаа лизгање на земјиштето.
Карпите почнаа да паѓаат во неделата од Fluchthorn , планина висока 3.400 метри на швајцарско-австриската граница, а геолозите велат дека колапсот е предизвикан од топењето на вечниот мраз односно пермафростот.
При овој масивен одрон за среќа нема повредени.
„Ова е релативно голем инцидент. Станува збор за најмалку 100.000 кубни метри материјал што се срушил, а веројатно и повеќе од тоа“, рече Томас Фигл, национален геолог.