Накратко не трошете време пари на анализи и студии треба, не треба, почнете да градите!
Предлог за кој неколку години се зборува, а едногласно прифатен од советот на градот Битола. Градот и планината да добијат гондола која ќе ги приближи граѓаните и туристите повеќе до природата и Пелистер. Проект кој ако се земе за пример гондолата на Водно , Загреб, Дубровник, Јахорина, или пак мега километарската, 9км, гондола во Златибор ќе донесе големо освежување, позитивен имиџ, дополнително анимирање на локалното население , подобар туризам и конкурентна инфраструктура. Изградбата и инвестицијата би значело секако и дополнителни приходи и вработувања во градот по основ на ново претпријатие или дел од веќе постоечко кое ќе се грижи за целиот процес да функционира.
Во општина Битола на оваа тема се одржа презентација на можностите и де факто почетокот на работа врз физибилити студија за гондола на Пелистер.
Идејата е гондолата да биде стопанисувана преку јавно претпријатите. А намерата на општината е максимално да се зачува чистотата на планината. Оттука и денешната прва јавна дебата со сите потенцијални чинители – туристички агенции, претставници на граѓанскиот сектор, советници, политичари. Освен што се презентираа искуства од Еквадор, Шпанија и Франција, требаше да се дискутира и за потренцијалните негативни последици што урбанизирањето на Пелистер може да донесат.
Франц Фурлани е еден од експертите кои ќе работат на физибилити студијата, дискутираа опции, за правците и големината.
Идејата за жичарница – или гондола во Националниот парк „Пелистер“ носи големи предизвици. Аргументите кон изградба на овој објект се дека меѓународните искуства покажале дека гондолата како по примерот на Водно овозможува луѓето да бидат поблиску до природата и, таквото искуство ја дава најпрвин релативната економската оправданост.






