Силен притисок кон врвот и најдобри резултати досега за македонскотo скијање

Вести

Јана Атанасовска неспорно граби нагоре, прашање на време е кога ќе се радуваме на најголемите резултати од светот на алпското скијање. Оние кои се добри познавачи и ја следат состојбата многу јасно ја гледаат сликата и правецот по кој трпеливо и посветено се искачува Јана нагоре. Изминативе денови нашата репрезентативка број еден, зема учество на неколку натпревари во Австрија. Реализацијата само ги потврди целиот влог и труд, високи FIS точки и прво место помеѓу скијачките велесили.

“Glungezer 18.03.2025 Слалом освоено 12 место со заостаток од само 1,22 сек. Исклучително силна трка за која што зборува и фактот дека учество зема и 28 годиншната норвежанка Стренсруд 6та во свет во велеслалом и топ 100 во слалом. Јана иако со висок стартен број 28 во првото возење беше побрза од Стренсруд со 0,04сек, а во второто возење заостана само 0,7 позади фаворизираната норвежанка.

Јана на оваа трка заработи 30.56 FIS точки, нејзин најдобар резултат во историјата на македонското скијање воопшто. Но следуваше добар ритам и во следните натпревари набрзо во Weinebene.

Овој блок на натпревари Јана го продолжи во Weinebene , Австрија каде што на 20 март го освои третото место и ги потврди 30.77 FIS точките, а веднаш следниот ден го освои првото место. Со овие достигнувања Јана Атанасова се очекува на крај на сезоната да влезе во топ 200 на светската ранг листа и во топ 15 девојки родени 2006та година во светот.

Вредно да се напомене дека овие резултатите и постигнувања се во конкуренција, против водечките наци во алпското скијање.

Голема благодарност до Министерство за спорт за безрезервната поддршка кон Јана Атанасовска .”

изјави за skimacedonia, Александар Атанасовски – Чаве, претседател и главен ментор, тренер на алпскиот скијачки клуб АСК СКАДИ Скопје

Претходен написи
Македонските скијачи квалитетно на меѓународни FIS натпревари!