Ски центар Михајлово Web камери

Вести

Ски центарот Михајлово од денес 31 декември 2024 е комплетиран со сите зачини, вклучително и веб-камери во живо (во план е и метеоролошка станица).

Иако мал по размер, центарот засега располага со една главна и помошна патека на која пред се најмладите генерации ќе имаат можност на најбезбеден и лесен начин да ги совладаат предизвиците во скијањето. Модерна и комплетно нова опрема, ратрак PistenBully 600 со витло, топови за вештачко заснежување, осветлена патека со можност и за ноќно скијање. Покрај основниот лифт со котва, единствено во Македонија центарот располага со лифт – лента која ќе ги влече најмладите и потечниците при учење да скијаат.

Во тек е реновирање на постоечките сместувачки капацитети и угостителски објекти.

Центарот е сместен во подножјето на Кожуф, со северна изложеност, на висина од 1200 метри и е прилично студен.

Напомена: До ски центарот Михајлово води асфалтен пат, но заради безбедност во сообраќајот сите посетители задолжително да носат зимски гуми и зимскат опрема. Со тоа придонесуваат кон слободен и безбеден пристап, патот Кавадарци – Михајлово го одржуваат четири возила за чистење снег.

Центарот официјално започнува со работа од 1 јануари 2025 година!

Претходен написи
ТУРНО СКИ КУП ШАР ПЛАНИНА 2025