Ски регионите под снег ќе има ли скијање

Вести

Македонија под стандардна априлска снежна офанзива. Снегот е присутен низ сите ски региони, но во ниту еден ски центар не работат лифтовите. Тоа се должи пред се на недоволните количества снег на ски патеките, истиот е со лош квалитет, но и економските фактори односно недоволниот број скијачи придонесуваат скијање да нема. Најмногу нов снег има на Попова Шапка 30 см, десетина см низ останатите ски региони. Температурите се околу 0°C на Пониква, Пелистер, во Крушево, до -2°C на 1800 метри на Попова Шапка. Пред нас следи влажен период кој сигурно ќе донесе нови слоеви снег на планините над 2000 метри. На располагање ќе биде можноста за турно скијање и скијање со ратрак. skimacedonia ќе продоложи со скијачки активности и во месец мај.

Претходен написи
Голема лавина во популарен швајцарски скијачки центар
Следен напис
Шестмина загинати во лавина во француските Алпи