Период на поаѓање: 30 јануари 2026, враќање назад во Скопје 8 февруари 2025 година
Les 2 Alpes втор најстар ски центар во Европа после Chamonix, со ски патеки на еден од највисоките глечери на висина од 3600 м, патеки на кои се скија и во лето. Гратче со околу 2000 жители, сместено на 1650 метри, бројни ресторани и барови за забава во текот на целиот ден.
Les 2 Alpes е познат и по тешката црна стаза (Grand Colouire), перфектно средените долги и широки стази за сите нивоа на скијачи, одлични за вежбање и усовршување на техники. Snowpark 3200. Нуди одлични услови за скијање off piste за љубителите на freeride.
Les 2 Alpes е омилен меѓу младата популација заради својот ноќен живот и најдобри Apres-ski-party. Забавата почнува околу 15 часот во Pano Bar на скијалиштето, а од 17 часот се сели во самиот град, завршува во дискотеката Avalanche до раните утрински часови (како на кого му држи).


Технички карактеристики
Највисока излезна станица: 3558 м, базна станица 1280 м.
Висинска разлика на скијалиштето: 2278 м.
Ски патеки:
- 93 максимално средени ски патеки со вкуна должина од 225 км (1200 ха), free-ride терен:765 ха.
- 19 зелени патеки, 43 плави патеки, 19 црвени патеки, 11 црни патеки
- 78 (35%) отпаѓа на плави и зелени патеки, 103 km (45%) се црвени патеки, a 44 km (20%) црни патеки.
- Cross county патеки: 25 km.
- Глечер Les 2 Alpes работи во текот на цела година.
- Off-piste: Извонредни услови за free-ride. Посебно теренот La Grave, наменет исклучиво за нив.
| Термин: | LES 2 ALPES | од 749€ |
| 30.01.2026 | Ski F R A N C E 2025 | |

| 30.01.2026 | Ski F R A N C E 2026 | |
| LES 2 ALPES | ||||
| Тип на сместување | Макс. број на лица | |||
| RESIDENCE | 4 | 3 | 2 | 1 |
| “PLEIN SUD A и B” Студио + Кабина за 4 лица | 749 | 799 | 899 | 1269 |
| “MEIJOTEL A и B” Студио + Кабина за 4 лица | 769 | 829 | 949 | 1319 |
| “COTE BRUNE IV” Студио + Кабина за 4 лица | 749 | 799 | 899 | 1269 |
| “COTE BRUNE IV” Апартман, 2 соби за 4 лица | 799 | 879 | 1029 | 1389 |
| “COTE BRUNE II” Студио + Кабина за 4 лица | 759 | 819 | 939 | 1309 |
| “COTE BRUNE II” Апартман, 2 соби за 4 лица | 779 | 839 | 959 | 1339 |
| “COTE BRUNE V” Студио + Кабина за 4 лица | 759 | 819 | 939 | 1309 |
| “TYROL” Студио + Кабина за 4 лица | 749 | 799 | 899 | 1269 |
| “TYROL” Студио + Кабина за 4 лица | 759 | 819 | 939 | 1309 |
| “DIAMANT II” Студио + Кабина за 4 лица | 759 | 819 | 939 | 1309 |
*Цените се дадени за пакет аранжман во евра по лице. Плаќање исклучиво во денари според курсот 1€=62 мк
Програма:
1.ден-петок 30.01.2026, СКОПЈЕ – LES 2 ALPES : Состанок на групата на паркингот кај спортската сала “Борис Трајковски” во 06:30 часот. Поаѓање за LES 2 ALPES. во 07:30 часот. Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија, Италија, со попатни паузи и гранични формалност и. Ноќно возење.
2 ден-сабота LES 2 ALPES : Пристигнување во попладневните часови и сместување во апартманите. Слободно попладне за запознавање со местото. Ноќевање
3 – 8 ден LES 2 ALPES: Шест дневно скијање во LES 2 ALPES. Ноќевање.
9. ден-сабота LES 2 ALPES – СКОПЈЕ: Напуштање на собите до 10:00. Поаѓање за Скопје со попатна посета на еден од најголемите шопинг аутлет центри во Италија – VICOLUNGO, непосредно пред Милано. (Нема можност за заверување на Tax free на Хрватска граница поради долгата процедура која може да трае повеќе од 2 ч.)
10 ден – недела 08.02.2026 СКОПЈЕ: Пристигнување во попладневните часови.
Во цената на пакет аранжманот е вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус со LCD TV, DVD на релација Скопје– LES 2 ALPES –Скопје
- 7 дневно сместување во одбрани студиа / апартмани според ценовникот, во LES 2 ALPES
- 6 дневен скипас за стазите на LES 2 ALPES
- 6 дневен ски пас за LES 2 ALPES, овозможува скијање и во долу наведените ски центри, без посебна надокнада за ски карта. Нехар травел ќе организира посета на еден или повеќе ски центри, доколку постои заитересираност на групата, со посебна доплата за превоз на лице место. Минимум 30 учесници по тура.
- 1 day skipass: Alpes D’Huez, Serre Chevalier, Puy St Vincent, Montgenèvre/Voie Lactée/Sestrière:
- Туристички пратител за време на турата
Во цената НЕ Е вклучено:
- Задолжително патничко, тип Конфорт, осигурување со вклучен додаток за спортско скијање 800 ден. Агенцијата го обезбедува.
- Задолжителна Туристичка такса 15€ по лице. Се плаќа во агенција.
- Задолжителна доплата за електронска ски карта: 2 €. Се плаќа во денари во агенција.
- Еднодневен автобуски излет до еден од околните Ски центри, во зависност од временските услови: 20 € (се плаќа кај водичот)
- Постелнина, крпи, и завршно чистење на апартманите.
- First minute цени според табелата е за уплати најдоцна до 01.12.2025
- За ова патување важат Општите услови за патување на Нехар травел со Лиценца “А”бр.УГИ-69-653, кои се составен дел на секој Договор за патување (освен отказните трошоции кои важат според наведеното за овој ски аранжман).
Важни завршни напомени
- Дадената цена е Пакет цена по лице во зависнот од бројот на лица и тип на сместување, за максимално даден број на лица во студио и апартман, за 7 ноќевања, 6 дневна стандардна ски карта и вклучен автобуски превоз. .
- РЕЗЕРВАЦИЈА:
- Резервација за аранжманот е со задолжителна уплата од 12.000 денари по лице, остатокот се доплаќа НАЈДОЦНА до 15.Декември 2025. Можност да се плати на 6 рати без камата, информации во агенција.
- Со самата резервација и платен депозит, странките добиваат Договор за патување со сите податоци за патувањето,типот на сместување, разни доплати како и Општи услови за патување.
- Уплатата може да се плати во готово или со кредитна/дебитна картичка, или вирмански преку банка.
- Постои можност да се спојат индивидуалните патници во повеќекреветно студио/апартман, како не би плаќале поскапо. Агенцијата може да посредува, но НЕ и да гарантира при ваквите случаи.
Затоа, дефинитивниот тип на студио/апартман и дефинитивната цена ќе зависи од бројот на лицата кои остануваат и типот на студиото/апартманот кој е одбран. Странките однапред се согласни за овие услови и наведени цени по лице, без право на откажување.
- Според Шенгенските правила, Македонски пасош мора да има важност од мин. 90 дена од денот на напуштање на Шенген зоната (датум на враќање во Скопје). Од момент на влез во Шенген зоната, патникот во претходните 180 дена не треба да има престој подолг од 80 дена (со 10 дена ски програм, вкупно дозволени 90 дена во 180 дена). Организаторот не може да сноси одговорност во случај на гранични проблеми при влез во Шенген зоната.
- За реализација на патувањето потребно е минимум 40 патници.
- Агенцијата не може да влијае на катност, поглед, локација или одреден објект, повеќе од наведеното во понудата, дадено од страна на локалната агенција.
- Агенцијата го задржува правото за промена на цената доколку дојде до зголемување на цените на услугите (гориво, сместување, ски пас, туристичка такса.. ) за кои агенцијата не може да влијае.
- FIRST MINUTE цена важи до 01 Декември 2025.
После тој датум цената се зголемува за 50€ по лице, без оглед на тип на сместување. Уплатениот пакет аранжман до тој датум останува по стара цена.
- Патниците се должни 48 часа пред патување да го проверат часот и местото на поаѓање. .
- БАГАЖ: Секој патник може да понесе 1 личен багаж (куфер или торба максимум 23 кг.), 1 пар ски или борд опрема сместени во багажник на автобус и 1 мала кабинска торба/ранец за пат во автобус. .
- Распоредот на седишта во автобус е според датумот на уплата.
- Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот во случај на недоволен број на лица, најдоцна 30 дена пред тргнување. Во таков случај, уплатените средства во целост се враќаат исклучиво на трансакциска сметка на лицето кое уплатило, според законот за платен промет.
- Лицето кое има резервација должно е да ја уплати целосната сума на аранжманот најдоцна до 15.12.2025. Доколку лицето не ја изврши уплатата до крајниот рок, резервацијата ќе биде автоматски откажана. Патникот ќе биде теретен според отказните трошоци.
ОТКАЗНИ ТРОШОЦИ:
- Откажување од патувањето може да се направи исклучиво по писмен пат, доставен до НЕХАР ТРАВЕЛ, со образложение за отказот.За ова патување важат отказните трошкови кои се во согласност со Отказните трошкови на локалниот партнер, на кои НЕХАР ТРАВЕЛ не може да влијае, и тоа:
Трошоци за откажување на патувањето кои се задржуваат:
> Од моментот на пријавување до 12 недели пред поаѓање: 10% од цената
> 12 – 8 недели пред поаѓање: 20% од цената
> 8 – 4 недели пред поаѓање: 50% од цената
> 4 недели пред поаѓање: 100% од цената
- Постелнина и крпи: Во цената не се вклучени крпите, постелнина, тоалет хартија, сапуни, шампон во студијата и апартманите, а истите може да се изнајмат на денот на пристигнување по цена од: 15€ – единечна постелнина или 17€ -брачна постелнина и 15€ за сет крпи (2 за купатило, 1 за под, 1 за кујна), по лице. Сет за чистење: 6€. Детско креветче 50€. Потребно е да се резервира и уплати за крпи и постелнина при резервација во агенција (подоцна неможе да гарантираме достапност). Од досегашното наше искуство, најповолно е секој да понесе свој сет на постелнина и крпи. Цените се информативни.
- Депозит: Депозит (гаранција) за секое студио е задолжителен и изнесува: 600€ по Студио за 4 лица, Се плаќа при пристигнување, непосредно пред сместувањето. Плаќањето е исклучиво со резервирање на средства во висина на депозитот од кредитна картичка (VISA или MASTERCARD).Депозитот на крајот од сместувањето се деблокира, доколку апартманот е вратен во првобитната состојба (чист, среден и без оштетени предмети), и гостите ќе го добијат блокираните средства наредните денови (најдоцна до 30 дена, во зависност од банката). Во случај на било какви оштетувања во студиото/апартманот при сместување, гостите се должни да достават писмена забелешка до локалната агенција во рок од 48 часови. За точната цена на депозитот и начин на плаќање, информации во агенција, 1 месец пред тргање.
- SKI PASS: После уплатата на депозитот за сместување, водичот ви ги дава Ски картите.
- Завршно чистење: Чистењето на апартманите не е вклучено во цената на аранжманот, па патниците се задолжени за средување на апартманот и доведување на истиот во иста состојба како пред сместувањето. Можно е да се организира чистење но со пријава и плаќање при пријавување.
- Цена за чистење: Студио за 4 лица:71€, Студио со кабина за 4 лица: 81€, Апартмани со 2 соби за 6 лица: 98€. Цените се информативни.
- Сите дополнителни услуги мора да се резервираат при пријавување во агенција и истите се плаќаат на лице место при сместување.
- Цената на депозитот и дополнителните услуги може да биде променета.
- Влез во објект: од 17.00 Напуштање на објект: 08.00 – 09.30 .
- ВАЖНА НАПОМЕНА: ПАТНИЦИТЕ ТРГНУВААТ ИСКЛУЧИВО ОД ПРЕДВИДЕНОТО МЕСТОТО НА ПОАЃАЊЕ ВО СКОПЈЕ, А ВРАЌАЊЕТО ОД ПАТУВАЊЕТО Е ПОВТОРНО ДО ИСТОТО МЕСТО ОД КАДЕ ШТО ТРГНАЛЕ ВО СКОПЈЕ. НЕ Е ВОЗМОЖНО ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ГРУПАТА ОД БИЛО КОИ ПОПАТНИ МЕСТА ВО ОДЕЊЕ, КАКО И НАПУШТАЊЕ НА ГРУПАТА НА БИЛО КОИ ПОПАТНИ МЕСТА ПРИ ВРАЌАЊЕ, НИТУ ПАК КОРИСТЕЊЕ НА АВТОБУСКИОТ ПРЕВОЗ САМО ВО ЕДЕН ПРАВЕЦ, СОГЛАСНО МАКЕДОНСКИОТ И ЕВРОПСКИОТ ЗАКОН ЗА ТРАНСПОРТ НА ЗАТВОРЕНА ГРУПА.
Влез во објект: 16.00 – 18.00 Напуштање на објект: 08.00 – 10.00
Повеќе детали во прилог






