Првите денови на март планината Паландокен во Ерзурум во Туркије ќе биде домаќин на светската сноубордерска елита, каде ќе се одржи светскиот куп во сноуборд крос (SBX). Ова е еден од најпрестижните настани кој ќе се одржи од 1- 3 март годинава каде натпреварувачите ќе ги покажат своите вештини во најдинамичните дисциплини во зимските спортови.
Ерзурум и планината Паландокен во текот на март ќе бидат домаќини и на светскиот турнир во одбојка на снег што ќе се одржи од 13-16 март каде што ќе се сретнат сите љубители на екстремниот зимски спорт. Во рамките на турнејата, водечки одбојкарски тимови ќе се натпреваруваат на снежните терени, а ќе се одржи снежна даунхил трка, каде професионалните велосипедистите ќе се соочат со предизвиците што ги носи само снегот, создавајќи спектакл на планински велосипедизам во екстремни услови. Покрај тоа, љубителите на авантурите ќе можат да се искачуваат на мраз во првиот вештачки леден парк во Туркије кој се наоѓа токму во Ерзурум. Атрактивниот леден ѕид кој треба да се совлада е со висина од 25 метри.
Светскиот куп во сноуборд ќе биде пренесуван во живо на национални и меѓународни телевизиски канали, овозможувајќи им на гледачите ширум светот да ја следат возбудата од овој спектакуларен спортски настан.
Е