Sölden со позитивна снежна контрола

Вести

После плодните снежни денови низ алпите, викенд проверката на снежната покривка од страна на FIS во Sölden е повеќе од позитивна. Што значи, може да започнат редовните подготовки за велеслалом на отворањето на Светскиот Куп во Алпско скијање за 2020/2021 сезона. Програмата започнува во сабота на 17ти со трката за жени  во 10 и во 13 часот, додека машката трка е во недела на 18ти во 10 и во 13,15 часот.

Жените се натпреваруваат по 23ти пат на Австрискиот глечер Rettenbach, каде се одржуваат трки од Светскиот Куп уште од 1993г (а се на редовна програма од 2000г), додека мажите по 20ти пат.

За жал годинава трките се без публика заради состојбата со Covid-19.

 

Претходен написи
Mikaela Shiffrin го пропушта стартот во Sölden
Следен напис
Dominik Paris: Цел ми е да почнам добро, а потоа ќе се видиме
Мени