Што измери заводот за статистика туризмот на апарати, пад од речиси 99%

Вести

Државен Завод за статистика објави апокалиптик резултати. За месец мај годинава земјава ја посетиле 838 туристи односно 99,2 отсто помалку во однос на истиот месец 2019та. Реализирани биле вкупно само 4.946 ноќевања што е пад од дури 97,6 проценти.

Според статистиката, бројот на домашните туристи во месец мај во однос на мај 2019 година е намален за 97,8 отсто, а на странските за 99,7 проценти. Бројот на ноќевањата на домашните туристи, е намален за 96,7 отсто, а ноќевањата на странските туристи за 98 проценти.

Во периодот јануари–мај 2020 година, во однос на истиот период претходната година, бројот на туристите е намален за 63,2 отсто и тоа: кај домашните туристи има намалување за 58,2, а кај странските за 65,6 отсто. Кај ноќевањата бројот за истиот период е намален за 62,3 отсто, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 56, а кај странските за 66 проценти.

Доделувањето на платежните картички за поттикнување на домашен туризам, се очекува да го зголеми интересот за летување во земјава, па токму поради тоа важна информација за сите кои ќе патуваат е и тоа како се движат цените во приватните сместувања, но и во хотелите ширум земјава.

Приватното сместување речиси ги нема променето цените, а тие се движат од 300 до 1200 денари по лице зависно од квалитетот на сместувањето и вклучен доручек. Слични се и хотелските цени но почнуваат од 1200 денари односно 2500 денари за двокреветна соба со доручек па се до 5000 денари.

Најатрактивна дестинација останува Охрид во однос на другите туристички региони, Преспа, Дојран или Струга.

Охридско езеро (skimacedonia)

Крушево, ски центар Станич (skimacedonia)

Претходен написи
Какви се трошоците за престој во Zermatt еден од најексклузивните светски ски центри
Следен напис
Кога скијањето беше резервирано за оние со џентламенски стил
Мени