Се менуваат стари гондоли и клупи со нови шестоседи или осумки. Побрзо, поекономично, поштедливо, квалитет, безбедност и комфор е мотивот и состојбата на сите ски центри кои напредуваат или настојуваат да го фатат бранот на конкурентност и атрактивни ски зони за посета.
Доломити ски зоната Kronplatz гради осумка лифт Plateau, прв осмосед лифт во Италија со грејачи и сите други технички новини кои следуваат.
LIVIGNO добива две нови жичарници вредни околу 30 милиони евра. За следната зимска сезона 2024-2025 година ќе бидат отворени две нови жичарници, многу пред Олимписките игри. Гондола Mottolino со 10 седишта ќе го забрза транспортот на патници за двојно од 9 на 5 минути и новиот осмосед лифт кои ќе ги заменат претходните слични системи на истата рута. Тие ќе ја зголемат удобноста и перформансите и ќе го намалат влијанието врз животната средина благодарение на поголемата енергетска ефикасност и помалата бучава. Работа започната минатата година во мај, а планирано да трае до ноември 2024 година.
Saalbach Hinterglemm Leogang Fieberbrunn ја упдејтира постоечката траса на старата гондола
Новата 12 NORD напредува, а компанијата Doppelmayr започна со инсталирање на технологијата на жичарницата на планинската станица.
Кабини со 10 седишта, нови, поудобни и обоени во боите на црвено Ферари.
Вредно за спомнување е кампањата за учество во групно финансирање иницирана од центарот за новата градба која беше полн погодок за овој “заеднички” проект: „Над 200 поддржувачи одлучија да учествуваат во новиот градежен проект со сума за поддршка од околу 600.000 евра преку учество во групно финансирање кампања и добиени ваучери од 15% нагоре“, гордо објави извршниот директор Себастијан Швајгер.
Со овој позитивен ветер, се реализира долгоочекуваниот проект блиску до срцето на Fieberbrunn и околината, продолжение, синоним за атрактивна летна и зимска понуда и инвестиција во туристичката конкурентност на селото и регионот.
Францускиот ски центар Serre Chevalier ја менува старата Frejús гондола и малите тесни кабини ги продава на слободен пазар онаму каде ќе затребаат.