Светскиот Куп во Алпско скијање ќе започне една недела порано

Вести

По минатогодишната скратена сезона заради карантин и развој на пандемијата, ФИС објави дека календарот за новата 2020/2021 сезона од Светскиот Куп во Алпско скијање започнува една недела пред планираниот термин. Отварањето ќе се одржи на 17-18ти Октомври во Solden, Austria наместо на планираниот термин 24-25ти Октомври.

Во објавата од австриските организатори на трката се вели: “Со забрзување на времето за одржување на трката, ќе се овозможи користење на областа на глечерот Rettenbachferner ексклузивно за натпреварите од Светскиот Куп за да се одвојат учесниците, официјалните лица и вработените од туристите, а со тоа и да се среди сместувањето на учесниците и тимовите согласно потребите и правилата. Главната цел на организаторот и комерцијалните партнери во Sölden е да се осигураат дека сите инволвирани на Ски Светскиот Куп имаат најдобри можни мерки и безбедност од самиот почеток.”

Организаторите најавија дека согласно моменталната ситуација, натпреварите ќе се одржуваат без преголемо присуство ниту од страна на гледачите ниту од страна на медиумите, соодветно на превентивните мерки за заштита од Covid19.

Имаше доста шпекулации окулу тоа каков ќе изгледа календарот на Светскиот куп наредната зима со организацијата на двогодишениот Светски Шампионат во Алпско скијање кој ќе се одржи на патеките во Cortina d’Ampezzo , Италија наредниот февруари. Начелно организаторот побара одлагање но од ФИС се уште се на ставот за задржување на терминот 8-21 Февруари. Иако имаше шпекулации дека трките од Светскиот Куп ќе се одржуваат само на Европско тло, засега календарот на ФИС ги содржи натпреварите кои се одржуваат и во Северна Америка што значи дека ќе има патувања меѓу континентите со првиот спуст традиционално во Lake Louise, Canada на 25ти ноември и на Beaver Creek во САД на почеток на декември.

Претходен написи
Ветар од 130 km/h во Маврово снегот се запиша на Кораб
Следен напис
Крушево развива активен туризам преку велосипедизам