„The Alpinist“ нов аутдор филм од режисерот Питер Мортимер

Вести

Ако трејлерот е индикација за она што би можело да биде најголемиот аутор филм оваа година кој е подготвен да понуди некакви сликовити пејзажи, возбуда од која забрзува пулсот и длаабоки емоции кои станаа главни карактеристики на продукцијата на Ред Бул, тогаш тоа е филмот „The Alpinist“

Од режисерот на филмот „The Dawn Wall“, Питер Мортимер, доаѓа новиот филм „The Alpinist“, интимно истражување на животот на канадскиот соло алпинист Марк-Андре Леклер.

Познат по својот несебичен пристап кон зимски соло искачувања на некои од најекстремните насоки на планетата, вклучувајќи ги и Патагонискиот Торе Егер или Emperor Face на планината Робсон, непретенциозниот канадски алпинист тивко се здоби со сериозна репутација помеѓу хардкор клајмберите како како номад без телефон, кој ја претпочита филозофската чистота на искачувањето на големите планини пред надоаѓачкиот мејнстрим публицитет на спортот.

„Како млад качувач, неспорно е дека сум изманипулиран од медиумите и популарната култура  дека некои од моите искачувања се потсвесно обликувани преку она што светот смета дека е важно во однос на спортот“, напиша Леклерк во 2016 година. „Со текот на времето поминато во планините, далеку од гужвата, далеку од стоперката и оценките и сите листи со рекорди, полека успеав да го одвојам она што ми е важно и да ги отфрлам работите што не се“.

Марк-Андре Леклер качува сам, далеку од центарот на вниманието. На оддалечените алпски падини, слободоумниот 23-годишен Канаѓанец прави некои од најхрабрите соло искачувања во историјата. Сепак, тој привлекува оскудно внимание. Без камери, без јаже и без маргина за грешка, пристапот на Леклер е суштината на соло авантурата. Номадски и срамежлив, тој не поседува телефон или автомобил и не сака да дозволи филмската екипа да влезе во неговата чиста визија за искачување. Леклер тргнува во историска авантура во Патагонија која ќе го редефинира она што е можно при соло качување.

Додека Пит се бори да остане во чекор со Марк и да го сними своето патување на филм, соло -искачувањата на Марк почнуваат да привлекуваат внимание. Многумина веруваат дека тој е следниот голем алпинист, додека други го критикуваат неговиот пристап како непромислено опасен. Со појавување на овие прашања, Марк тргнува на самостојно искачување во Патагонија, што е поамбициозно од било што што правел порано.

Бркањето на Леклер претставуваше можеби најголемиот предизвик досега за режисерскиот ветеранот Мортимер чиј награден филм „The Dawn Wall“ ја раскажа приказната за познатиот алпинист Томи Колдвел, но крајниот резултат на интензивните снимки во некои од најоддалечените краеви на Земјата изгледaат подготвени да направaт триумфална слика за најдоброто од човечкиот дух.

„The Alpinist“ е интимен документарец на млад визионер кој ја следи трагата на сопствената страст, и покрај најтешките можни последици.

„The Alpinist“ започнува со своите проекции низ светот почнувајќи од септември.

Претходен написи
Ехо Фестивал на планински филм 2021
Следен напис
Ивана Јовановска боса направи 9000+ на Водно