Tour de Galicica 2025

Вести

Велосипедско планинарскиот клуб „Преспа бајк“ од Ресен заедно со Општина Ресен, Национален парк „Галичица“ и МЕД се домаќини на уште едно издание на традиционалниот настан “Tour de Galicica”. На 14 и 15 јуни, имате дводневно уживање и рекреација во убавините на Преспа и НП Галичица, а за таа цел ќе бидат застапени неколку спортски активности и тоа:

· Рекреативна велосипедска тура низ НП Галичица

· Планинарска рекреативна тура до врв Кота ф10

· Рекреативна велосипедска тура од с. Стење до с. Конско и посета на остров Голем Град со чамец

· Рекреативна планинарска тура од с. Стење до с. Конско и посета на остров Голем Град со чамец

Покрај спортските активности, целата програма ќе биде надополнета со забавен дел, каде учество ќе земат неколку бендови.


Агенда за настанот:

Ден 1 (14. 06.2025)
12:00-19:00 Подигнување на пакети од страна на учесниците во Автокамп Отешево
19:00-23:00 Забавен дел (Автокамп Отешево)
– Група Персиди
– Пуш Пауза
– Баклаби

Ден 2 (15.06.2025)
09:00 Старт на „Рекреативна планинарска тура од с. Стење до с. Конско и посета на остров Голем Град со чамец“
09:00 – 15:00 Рекреативна велосипедска тура од с. Стење до с. Конско и посета на остров Голем Град со чамец
08:00 – 15:00 Планинарска рекреативна тура до врв Кота ф10
09:00 – 15:00 Рекреативна велосипедска тура низ НП Галичица
16:00 – 18:00 Затворање на настанот и заминување на учесниците

ЛИНК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Претходен написи
TITOV VRV SKYRACE 2025 – седмо издание
Следен напис
Зголемена посета на странски туристи