„Тренинг за секое дете“ проект на Скијачката Федерација на Македонија

Вести

Скијачката Федерација на Македонија оваа година за прв пат ќе го реализира проектот „Тренинг за секое дете“.

Проектот е наменет да го помогне и унапреди скијачкиот спорт и да им овозможи на сите деца подобри услови за квалитетен тренинг и подобрување на перформансите.

Во проектот „Тренинг за секое дете“ право да аплицираат за финансиска поддршка имаат сите клубови,редовни и придружни.

Рокот за аплицирање е 30 октомври 2022 година

Во проектот е вклученo:
👉 Финансиска помош за патни трошоци за патување на глечер.
👉 Финансиска помош за ангажирање на тренер.

За повеќе информации контактирајте нѐ на:
📧 info@mkdski.com

Previous Post
Резултати за Титов Врв скајрејс
Next Post
ДАУТИЦА OUTDOOR FESTIVAL 2022