ТУРНО СКИ – КУП ПЕЛИСТЕР 2025

Вести

Сабота 22.03.2025.
Натпревар во турно скијање дисциплина – спринт

Недела  23.03.2025.
Натпревар во турно скијање дисиплина – поединечно

Локација:
Пелистер, Ски Центар
Организатори:

Федерација на планинарски спортови, ПСК Пелистер, НП Пелистер

ПРОГРАМА:

Сабота 22. 03. 2025. Категорија СПРИНТ

  • 10:30 собирање на учесниците кај ски центар Пелистер
  •  10:30-11:30  подигање на стартните броеви
  • 12:00– СТАРТ на натпреварот во категорија – спринт
  • 14:30 – прогласување на победници

Недела 23. 03. 2025. Категорија ТУРНО ПОЕДИНЕЧНО

  • 8:30 собирање на учесниците ски центар Пелистер
  • 08:30-09:30  подигање на стартните броеви
  • 10:00– СТАРТ на натпреварот во категорија – поединечно
  • 14:30 прогласување на победници

Право на учество во турноски купот на Македонија:

Платена членарина на ФПСМ за 2024 / 2025. год. (платената членарина за 2024 ќе важи)

Учесници кои не се членови на ФПСМ учествуваат во натпреварот, но не се бодуваат во Турноски купот на Македонија.

Пријавување: 

Најдоцна до 21.03.2025 година.

Котизација 600 ден. (Котизацијата важи за двете трки)

Уплата со цел на дознака: Котизација за ТСН

ФЕДЕРАЦИЈА ЗА ПЛАНИНАРСТВО НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Ж.С-ка: 300 000 000 754 114
Комерцијална банка – АД Скопје

ПОПОЛНИ ЈА ПРИЈАВАТА

ТРАСА:

Сабота 22.03.2025 год – дисциплина – спринт

  • Старт – Ски лифт Копанки
  • Цел – Ски лифт Копанки
  • Вкупен успон 126 м.

Недела 23.03.2025.год. – категорија – поединечно

  • Старт – Жичара – стаза Ски центар Пелистер
  • Цел – Жичара – стаза Ски центар Пелистер
  • Вкупно успон 326 м.

Натпреварувачите  мора да ја следат означената патека и да ги следат упатствата на контролите, во спротивно ќе бидат казнети со зголемување на времето или дисквалификација.

Трасата е означена на следниов начин:

  • Зелени знаменца – качување со скии
  • Жолти знаменца – Качување пешки со скиите на ранец
  • Црвени знаменца – Скијање

Натпреварот се одржува според правилата на меѓународната федерација ISMF

ПРАВИЛА НА НАТПРЕВАРОТ

КАТЕГОРИИ

  • Јуниори  – 19 година и помлади (пократка стаза)
  • Сениори 20-50 години
  • Ветерани 50 години  и постари

Стартот за за сите натпреварувачи е во исто време

Победник  е оној кој најбрзо ќе ја заврши планираната и означената патека

Натпреварувачите мора да ја користат следната опрема за време на натпреварот:

  • турно  скии (должина: мажи мин. 160 см, жени мин. 150 см),
  • турно чевли,
  • стапчиња
  • кожи за качување
  • ранец
  • заштитна кацига (UIAA или CE)
  • прибор за прва помош
  • лавинска сонда
  • лавинска лопата
  • лавински примопредавател
  • соодветна облека во зависност од временските услови

Во текот на целиот натпревар натпреварувачот мора да го носи стартниот број на левата надколеница и на ранецот

На патеката ќе има контролни точки на местата на транзиција

Натпреварувачите мора да се пријават од спортски и безбедносни причини

Дисквалификации и пенали се доделуваат во следниве случаи:

  • за секое парче опрема што недостасува на контролната точка или целната линија (3 минути)
  • прифаќање помош од придружниците (опрема, храна …) за време на натпреварот (5 мин до дисквалификација)
  • фрлање опрема или отпад (5 минути до дисквалификација),
  • непочитување на знаци и насоки (5 минути до дисквалификација),
  • неспортско однесување (3 минути до дисквалификација)
  • непријавување на контролното место(дисквалификација)
  • непочитување на безбедносни мерки на контролни точки (дисквалификација)

Организаторот на натпреварувањето го задржува правото да ги промени правилата, доколку тоа е неопходно за да се овозможи поголема безбедност на натпреварувачите.

Кога натпреварувачот ќе се пријави, тој ја презема целата одговорност за себе за какви било несреќи што може да се случат пред , за време и по натпреварот. Организаторот не е одговорен за ова.

Во случај на неповолен снег или временски услови, организаторот го задржува правото да ја промени рутата или локацијата на натпреварот, да го откаже натпреварот или да го одложи за друг термин.

МАПА дисциплина Спринт:

Тех. спецификации:

Зелена: 1620 – 1690 мнв. 331 м должина (СТАРТ)

Жолта: 1690 – 1746 мнв. 255 м должина

Црвена: 1746 – 1620 мнв. 650 м должина (ЦЕЛ)

МАПА дисциплина Поединечно:

Тех. спецификации: 

Зелена: 1420 – 1560 мнв. 550 м должина (СТАРТ)

Жолта: 1560 – 1620 мнв. 350 м должина

Зелена: 1620 – 1740 мнв. 560 м должина

Црвена 1746 – 1420 мнв. 1400 м должина (ЦЕЛ)

СПОНЗОИ ПОДРЖУВАЧИ НА НАТПРЕВАРОТ:

Претходен написи
Ski pass Popova Shapka price list
Следен напис
Како Vail го уништи скијањето и дали е така?!