На 21-22 февруари 2026 година, на Љуботен, Шар Планина, ќе се организира настан посветен на 100 години од првото скијање во Македонија.
На настанот предвидени се два вида на активности, турно скијање и планинарење во зимски услови.
ПК „Љуботен“ и Комисијата за Турно Скијање при @fpsmakedonija , Ве покануваат на настанот со следнава програма:
Сабота: 21.02.2026
• 12:00 – 16:00 – пристигнување во ПД „Љуботен“ и сместување
• 18:00 – 19:00 – презентација за првото скијање кое се случило на Љуботен
• 19:00 – 21:00 – вечера
Недела: 22.02.2026
• 06:00 – 07:00 – будење и доручек
• 09:00 – тргнување на планинарската група кон врвот Љуботен
• 09:30 – тргнување на турно групата кон врвот Љуботен
• 11:30 – 12:00 – очекувано пристигнување на двете групи на врвот и заедничка фотографија
• 12:00 – скијање од врвот Љуботен посветен на 100 годишницата од првото скијање во Македонија.
• 12:30 – тргнување на планинарската група кон домот
• 14:00 – очекувано прстигнување на групите во домот
• 14:00 – 15:00 – подготовка за симнување кон Старо Село
• 15:00 – 17:00 – симнување кон Старо Село
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
– Сите оние кои нема да престојуваат во домот, ќе може да пристигнат во недела 22.02.2026 г. до 09:00 часот.
КОНТАКТ
– Игор : 078 380 508
– Александар: 078 736 884
– e-mail: kontakt@pkljuboten.org.mk
СМЕСТУВАЊЕ
– ПД „Љуботен“ по промотивна цена од 600 ден
– Сместувањето е ограничено, Ве молиме, најдоцна до 19.02.2026 г. да го пријавите Вашето учество.
ПРИЈАВУВАЊЕ
• Пријавување на следниов линк во био:
до 19.02.2026 г., до 18:00 ч.
• Учесниците кои се заинтересирани за сместување да се пријават кај контакт лицата до 19.02
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Настанот ќе биде обезбеден од НСПС, во кој ќе биде вклучена ПСС при Црвен Крст Охрид.
Напомена: Организаторите не одговараат за последиците кои би се случиле надвор од оваа програма, како и за учесници кои немаат пријава!






