Val Thorens за скијачи кои не се заситуваат

Val Thorens, Франција, период 07 јануари до 16 јануари 2022 година

Val Thorens е дестинација “Со еден удар три центри, и тоа кој од кој”. Една од највисоките ски населби во Европа, дел од Три Долини (Les Trois Vallées) каде дополнително влегуваат познатите Courchevel и Méribel, и заедно ја сочинуваат една од најголемите ски зони во светот со над 600 километри ски патеки (ќе се изгубите). Ски патеки кои се протегаат на висина од 1300 до 3250 метри.

Оваа сезона Val Thorens треба да стартува кон крајот на ноември и планирано е да фунцкионира до пролетта 2022 година.

Сместена во огромна природен цирк, создаден од 6 глечери, Val Thorens нуди голем број патеки во сите правци каде што ќе посакате да го бркате сонцето во текот на целиот ден. Val Thorens е познат по квалитетот на снегот и ски-лифтовите. Центар кој навистина нуди секаков тип на скијање, бордер крос, телмарк, фрирајд зони, снежни фан парк зони, понуда која ги задоволува сите сетила. Повеќе од 90% од ски област се наоѓа над 2.000 метри, центарот нуди одлични услови за да може да уживате во турбо брзина.

Сместувањето е во рамките на самата ски зона, каде буквално по папуча може несакајки да излетате на терен. Преставува идеална снежна арена за љубителите на планината, населба која овозможува да уживате во исклучителни погледи, особено грандиозниот спектакуларен поглед на легендарниот Glacier de Péclet или Cîme Caron гондолата која носи на 3200 метри до “најубавиот поглед во Алпите”, според Зелениот водич на Мишелин: 360 ° панорамски поглед на повеќе од 100 алпски врвови (француски, швајцарски и италијански).

Повеќето ски патеки се свртени кон север и северозапад, обезбедувајќи добри услови на снегот. Падините не се толку сончеви, така што одморалиштето има тенденција да привлече поголема заинтересираност за скијање отколку “дремење на сонце”. Сепак, населбата е свртена на југ, па многу луѓе уживаат да седат надвор на сонце кога завршуваат со скијање.

Val Thorens е домаќин на бројни светски натпревари од висок ранг и е најпосетуваното меѓународно скијачко одморалиште во Франција. Над 70% од посетителите се странци, доминираат британските, скандинавските, белгиските, холандските и германските туристи и замислете пар автобуси Македонци.

Детали за турата: Сместувањето е во апартмани, Lac du Lou и Roche Blanche лоцирани на самите терени. Патувањето е со високо комфорен автобус директно од Скопје. Во цената е вклучено, 7 дена сместување во студио во Val Thorens, 6 дневен ски карта за патеките на Val Thorens/Orelle (150 км стази), а се доплаќа 40 евра за ски пас Les Trois Vallées во кои влегуваат сите центри и лифтови вклучувајќи ги, Courchevel и Méribel. За време на целиот престој обезбедени ски водичи, асистенти кои ќе ви го направат патувањето далеку поспокојно. Повеќе патувачки детали на Нехар Травел

FIRST MINUTE За уплата до 30. Октомври 2021     

 ResidenceVAL THORENS –  07.01.2022од 479
LAC DU LOUROCHE BLANCHE               Ski F R A N C E 2022
Residence : Lac du Lou/Roche Blanche              
Број на кревети65432
СТУДИО,      1 соба, 4 л.max.  479515579
АПАРТМАН, A тип, 6 л.max. 2П489509539  

Доколку сте од оние индивидуалци шетачи кои сакаат повеќе да истражуваат, како што наведовме погоре, на располагање ви се меѓусебно поврзаните центри Courchevel и Méribel кои практично на скија ќе може да ги извртите во тој регион. А попатно во близина на Val Thorens е и живописното амбиентално село Saint Martin de Belleville каде би можеле од прва рака да го искусите локалниот живот на французите. Да пробате локално сирење, вино и пршут.

Претходен написи
Châtel француско село од бајките и 650 км ски патеки
Следен напис
Онлајн конференција „Одржлив туризам. Туризмот и европските планини“
Мени