Во двата дена од викендот кој што следи очекуваме променливо време. Ќе имаме од „се по нешто“, односно дел од метеоролошкиот мозаик ќе бидат и врнежи од снег, лоша видливост, ветер и ниска температура.
САБОТА:
Рано наутро насекаде облачно. Врнежи од снег во северната и западната половина од земјата. Долна граница на висина на снежни врнежи околу 500 метри. Врнежите ќе имаат умерен интензитет, а ќе слабеат претпладне. Околу пладне слаби врнежи очекуваме на планините во југозападниот регион.
Попладне повторно очекуваме слаб бран на врнежи во западниот и северниот дел од Македонија. Овие врнежи ќе продолжат во текот на ноќта кон недела.
Овие врнежи нема особено да ја зголемат снежната покривка (помалку од 10 сантиметри).
Видливоста ќе биде променлива, односно ќе го следи трендот на врнежите, наутро ќе биде претежно лоша особено во долж западна трансферзала и околината на Јакупица. Околу пладне ќе има подобрување на видливоста за доцна попладне таа повторно нагло да се влоши.
Просечна висина на 0°С изотерма на пладне:
Запад : 1300 метри.
Исток: 1000 метри
Температура на слој на воздух на 1500м на пладне:
Запад: Околу -1°С.
Исток: Околу -5°С.
Ветер на 1500м:
Запад: Слаб до умерен север-северозапад
Исток: Умерен до засилен север
Ветер над 2000м: Умерен до засилен северозапад.
Запад: Умерен до засилен северозапад
Исток: Силен север
Осетната температура (Windchill) над 2500 метри ќе биде околу –20 °С!
НЕДЕЛА:
Умерена облачност претпладне во северниот регион, но со тренд на намалување на облачноста. Од оваа облачност може да се очекува само слабо, речиси незначително провејување на снег. Попладне претежно ведро. Освен со мали исклучоци наутро, видливоста ќе биде генерално добра.
Претежно ведро во југозападниот регион во текот на целиот ден.
Просечна висина на 0°С изотерма на пладне:
Запад: 700 метри.
Исток: 500 метри
Температура на слој на воздух на 1500м на пладне:
Запад: Околу -7°С.
Исток: Околу -10°С.
Ветер на 1500м:
Запад: Слаб до умерен север-северозапад
Исток: Умерен до засилен север
Ветер над 2000м: Умерен до засилен север.
Осетната температура (Windchill) над 2500 метри ќе биде околу –25 °С!