Вестите кои што се однесуваат на времето викендов воопшто не се добри во однос на траењето на ски сезоната низ нашите центри. Па дури ни за движење в планина нема да имаме „посебно добри“ услови.
САБОТА:
Прилично топло за февруарски услови, „зачинето“ со засилен југозападен ветер. Во текот на целиот ден не очекува претежно облачно време. Но, заради очекуваниот правец и брзина на ветерот се очекува облачноста да биде сепарирана, особено во западниот регион, односно ќе имаме појава на т.н. планински бранови. Оваа појава ќе услови локално врвовите да се покриени на т.н. капасти облаци кои ќе ја значително ќе намалат видливоста. Ова особено важи за врвовите над 2000 метри, претежно во западната половина од Македонија.
Токму од овие облаци, во Шарскиот регион може да се очекува појава на сосема слаби и локализирани врнежи кои би биле од снег над 2100 метри.
Просечна висина на 0°С изотерма на пладне: 2200 метри
Температура на слој на воздух на 1500м на пладне:
Запад: Околу 8°С.
Исток: Околу 6°С.
Ветер на 1500м:
Запад: Умерен до засилен југоозапад
Исток: Умерен до засилен југ-југоозапад
Ветер над 2000м:
Запад: Силен запад (удари на ветер 80-100 km/h)
Исток: Силен запад (удари на ветер 90-110 km/h)
НЕДЕЛА:
Генерално облачно време насекаде. Можни се слаби врнежи наутро во северозападен регион. Видливоста очекуваме да биде претежно добра наутро со исклучок за шарско – корабскиот регион каде локално се очекува умрено лоша видливост.
Нагло влошување на видливоста очекуваме попладне, особено по должината на западна трансферзала и регионот околу Баба и Ниџе, каде и облачноста нагло ќе се зголеми и ќе има појава на врнежи, кои ќе бидат од снег, но над 2000 метри. Не се исклучува можноста за ретка појава на грмежи во споменатите региони.
Просечна висина на 0°С изотерма на пладне:
Запад: 2200 метри.
Исток: 2100 метри
Температура на слој на воздух на 1500м на пладне:
Запад: Околу 8°С.
Исток: Околу 6°С.
Ветер на 1500м:
Запад: Засилен јужен
Исток: Силен југоисток
Ветер над 2000м:
Северозападен регион: Јак јужен (удари на ветер 60-80 km/h)
Југозапад и исток: Јак јужен (удари на ветер 80-110 km/h)
Јужното струење кое и е „одговорно“ за адвекцијата на особено топол воздух ќе биде заменето со северно и постудено струење дури кон средината на наредната недела, но тогаш врнежите се очекува да бидат доста послаби.
Нормално, ја следиме состојбата и ако има трошка надеж за колку-толку да се подобри состојбата со снегот по планините, известуваме благовремено.
Останете безбедни.