Филмска завршница и историја за VONN која на 40 години повторно застана на подиумот, но дали за последен пат!?
Lindsey Vonn заврши на второ место во финалето на super-G трка од Светскиот Куп во Sun Valley, Idaho во неделата со што постави рекорд за највозрасна жена со медал од трка на Светскиот Куп. Тоа го постигна на домашен терен со што предизвика бура од емоции кај неа и нејзиниот тим, а воодушевување кај публиката.
Vonn, на свои 40г беше за 1.29 секунди побавна од победничката Lara Gut-Behrami од Швајцарија. Претходната рекордерка беше Alexandra Meissnitzer од Австрија, која на 34г беше досега највозрасниот медалист на трка од Светскиот куп кај жените.
Уште поголем куриозитет е што ова е првата подиум завршница за Vonn по нејзиниот камбек во спортот годинава, по цели пет години пауза што наиде на ерупција кај домашната публика!
Vonn се фокусираше на спуст и на super-G настаните сезонава. Видливо пресреќна со золзи радосници и совладана од емоциите изјави: годинава беше навистина тешко да се остане позитивен поради луѓето кои ме убедуваа да се откажам повторно.
” Вообичаено сум подобра под притисок. Ова е последна трка од сезоната и се ставив на една карта. На ова ниво знам да скијам. Можам и подобро. Ми беше навистина тешка сезона, со луѓе кои зборуваа дека сум престара и не сум веќе доволно добра. Ми се чини дека им го докажав спротивното. “– Vonn.
текст: Игор Чаловски