When in Krusevo 2024 outdoor festival

Вести

Единствениот планински град во Македонија, Крушево, осма година по ред го надополнува летотото со фестивал кој на едно место обединува хуманост, музика, спорт и култура! When in Krusevo трае од 5 до 7 јули.

Целта на фестивалот е промовирање на крушевскиот живопис полн со природни убавини и спортски актракции, будење на адреналинот и желбата за дружење, промоција на уметноста, историјата, живите традиции на градот и гостопримството кои и тоа како создаваат чувство на топлина, а од оваа година во фокус ќе е инклузијата на социјално ранливите категории на граѓани во Крушево.

Фестивалот започнува во предвечерието на 5 јули, со пријавување и подигање на пакет со маичка, дизајнирана од Зоран Кардула со посвета на најранливите, и производи од спонзорите. Официјалното отварање започнува истиот ден со забава во Градскиот парк со BABURA JUNIOR, додека наредните денови музичката програма ќе ја надополнат ДНК, CYRILLIC, DJ Bapchu, ESTEPHANO, Totsilly, BONO. Целоснота програма може да се погледне на веб страната www.wheninkrusevo.com.mk.

Имаќи предвид дека Крушево го има еден од најдобрите светски параглајдинг терени и е топ светска дестинација за овој вид на адреналински и активен туризам, во фестивалот е вклучено и атрактивното тандем параглајдинг летање од Мечкин Камен.

Меѓу другите адреналински спортови, фестивалот ќе понуди искачување на вештачка карпа, адреналински парк, јавање на коњи, кајак и SUP. За љубителите на планинскиот велосипедизам има тура од 20 километри и планинска велосипедска трка и планинарска тура од 10 километри. Гурманите пак, ќе може да уживаат во дегустацијата на локалните специјалитети на саемот за храна и пијалоци кој ќе се одржи во недела, во склоп на инклузивниот настан за подигање на свеста за социјално ранливите категории кој ќе се одржи благодарение на новите поддржувачи на фестивалот, оние со големо срце и душа кои несебично застанаа позади нашата идеја.

Oбезбедена е камп зона на Крушевското езеро со сите потребни услови, додека оние кои ќе се одлучат за приватните и хотелските сместувачки капацитети, понудата од соработниците на манифестацијата може да ја погледнат на веб страната www.wheninkrusevo.mk.

Со секоја купена карта се добива попуст до 50 проценти на спортските активности, воедно се обезбедени влезници за Спомен куќата на Тоше Проески, Македониумот како и Галеријата „Никола Мартиновски“. Оваа година фестивалот има и хуманитарен карактер, и од секоја продадена онлајн карта ќе бидат одвоени 100 денари за најмалку едно социјално ранливо семејство од градот.

Картата за ова тридневно авантуристичко дружење во Крушево е 600 денари и може да се купи на продажната мрежа на MK Tickets. Сите подетални информации за фестивалот можете да ги следите на Facebook страна на фестивалот.

Претходен написи
Сакаш да станеш ски патролер?
Следен напис
Брутални брзини заврши Titov Vrv SkyRace