Заштита на кожата од сонце, инсекти и сериозни инфекции

Вести

После долгиот зимски период на покриеност на кожата , по доаѓањето на топлите денови се зголемува и нашата изложеност на сонце и контакт со природата.

Луѓето кои се занимаваат со планинарење, возење велосипед, трчање во природа се поизложени на сонце и повисок ув индекс.

Во ваков амбиент важно е да се зачува квалитетот на кожата преку нејзино хидрирање, пиење вода, креми со СПФ 50 фактор, соодветна летна облека која ќе ве покрие целосно и ќе ве штити од силните сончеви зраци, а секако и од каснување на инсекти.

Голото тело, кожата пред се на рацете и нозете додека движиме во природа, многу често е изложена на екстерни повреди и гребаници од камења, карпи, паднати дрва и гранки. Слично се случува и додека возиме точак низ планински и шумски предели. Таквата ситуација каде кожата има најразлични (мали и поголеми отворени рани, повреди, крварења) оштетувања е сериозно подложна на инфекции кои можат да настанат доколку сме изложени подолго време на отворено.

Пример: имаме ситна повреда, гребаница, но отворена крвава рана која навидум “не е ништо”, настаната во почетните саати од турата која ќе трае цел ден. Ако истата соодветно не биде третирана, исчистена, дезинфицирана, покриена со завој или фластер, при понатамошното движење изложени сме на дополнителен контакт со природата и инсекти кои на отворена рана можат да нанесат инфекции до крајни несакани граници. Повредените места дополнително ги привлекуваат најразлични летечки инсекти, муви, комарци, мушички кои во директен контакт со отворената рана пренесуваат отров, вируси кој брзо ја контаминира регијата околу раната. Инфекциите во рок од 3-6-12-24 часа можат да доведат до отоци, сериозни воспаленија и нови рани на кожата кои мора потоа да се лекуваат со силни медикаменти, креми и инекции, подолг временски период.

Како да се превенира и делува при ваков случај

Превентивно, треба да се носат високи чорапи, полиестер хеланки или лесна облека која ќе го покрива целото тело.

Во случај на веќе настаната повреда:

– Првична рана потребно е да се замие, дезинфицира и покрие со завој или фластер, за да се заштити од надворешни влијанија.

– Ладни облоги на местото на каснувањето и контактот со инсектот, за да се намали циркулацијата на крв.

– Кортикостероидна крема која треба веднаш да се нанесе на повреденото место. Лекови, антихистаминици, потребно да се испијат веднаш.

– Повредениот да ја намали изложеноста на сонце, затоа што сонцето и отровот од инсектот реакцијата ја прават уште побурна и посериозна.

– Упатете се до најблиската медицинска – дерматолошка ординација односно кожен доктор, за дополнителна терапија и понатамошни совети.

Претходен написи
Како да останете топли при спиење на планина
Следен напис
Оперативни Алпски ски центри периодов