Зголемен приливот на девизи по основ на туризам. Периодот јануари – април 2025 година, во однос на лани, вкупниот број на туристите е зголемен за 13,4 %, односно кај домашните туристи намалување за 4,2 %, но зголемување на странските посети за 21,6 %.
Во однос на истиот период од минатата година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 10,5 % така што кај домашните туристи има намалување за 4,7 %, а кај странските има зголемување за 19,8 %.

Бројот на туристите во април 2025 година изнесува 96 943, од кои 21,4 % се домашни туристи, а 78,6 % се странски туристи, објави Државниот завод за статистика.
Бројот на ноќевањата во април 2025 година изнесува 171 886, од кои 26,5 % се од домашните туристи, а 73,5 % од странските туристи.
Земји од кои дошле најмногу странски туристи во април 2025 година:
- 21 124 од Турција
- 11 097 од Германија
- 4 905 од Србија и
- 4 881 од Франциja