Адора инженеринг со инвестиции во планински туризам

Вести

Адора започна инвестиции во планинскиот туризам. Од неодамна копманијата почна инвестициски операции во Србија преку Adora Living Solutions и моментно се гради елитен станбено деловен комплекс во Златибор во чија близина е и ски центарот Торник. Станува збор за комбинирани апарманско-хотелски комплекс од 7000 квадратни метри со целосно опремени 100 станови и пропратни содржини базен, спа и велнес центар, ресторан, теретана. Чифлиганец изјави дека уникатноста на моделот е во тоа што целиот комплекс ќе функционира во вид на хотел, кој што ќе биде менаџиран од Adora Hospitality Group, со партнер со големо искуство во хотелиерството.

„Купувачите на недвижностите ќе можат да ги користат апартманите кога и колку што сакаат, а нашиот хотелски концепт ќе се погрижи за нивно одржување и изнајмување, кога ќе бидат празни со што ќе им се обезбеди солиден приход од минимум 5 отсто годишно.

Претходен написи
Силниот југ и дождот го стопираа скијањето на Маврово
Следен напис
Викендов скијање само на Попова Шапка