Кардиологот кој ги има освоено сите 7 највисоки врвови на сите континенти, Сашко Кедев вчера во 9:40 часот по локално непалско време успешно се искачи на хималајскиот врв Манаслу во тим од 22 учесници, објави вчера водичот на експедицијата, познатоит Шерпа Мигма Г на својот фејсбук профил.
Mingma G
Yegsterday 6:12АМ
Manaslu Summit 2021-09-27
Congratulations to all our team members for the successful ascent of Mt.Manaslu ( True summit) at around 9:40am local time.
- Mingma Gyalje Sherpa (Mingma G) NEPAL
- Sashko Kedev macedonia
- Furtemba sherpa NEPAL
4.Hari Thomas Mix USA
5.Tamting Sherpa NEPAL
6.Atoosa Manvi IRAN
7.Mingmar Tshering lama NEPAL - Liu Miha CHINA
- Dawa Kamey sherpa NEPAL
- Dawa Yangzum Sherpa NEPAL
11.David Alfred Gotlieb USA - Gina Marie Rzucidlo USA
- Peter johannes Boogaard NETHERLANDS
- Jill wheatley CANADA
- Vinayak Jay Malla NEPAL
- Prakash Gurung NEPAL
- Pemba nurbu sherpa NEPAL
- Dawa Gyalje Sherpa NEPAL
- Kili pemba sherpaNEPAL
- Thundu sherpa NEPAL
- Pemba Tenzing sherpa NEPAL
- Dawa Tenzing sherpa NEPAL
Манаслу (непалски: मनास्लु, познат и како Кутанг) е осмата највисока планина во светот на 8.163 метри (26.781 стапки) надморска височина. Се наоѓа во Мансири Химал, дел од непалските Хималаи, во западниот-централен дел на Непал. Името Манаслу значи „планина на духот“ и потекнува од санскритскиот збор манаса, што значи „интелект“ или „душа“. Манаслу првпат се искачи на 9 мај 1956 година, од Тошио Иманиши и Гјалзен Норбу, членови на јапонска експедиција. Се вели дека, со оглед на многуте неуспешни обиди на Британците да се искачат на Еверест пред Новозеланѓанецот Едмунд Хилари, „исто како што Британците го сметаат Еверест за своја планина, Манаслу отсекогаш бил јапонска планина“