Акција за чистење на Хималаите

Вести

„Планинарите ги претворија Хималаите во огромна канта за ѓубре“, тврдат планинарите кои учествуваат во акцијата за чистење на Хималаите, пишува Тајмс.

Лук Боиснард, планинар кој беше дел од експедицијата која расчистила 3,7 тони отпад од Макалу, петтиот највисок врв на светот и Анапурна, десеттиот највисок врв на светот, ја основаше Himalayan Clean Up, кампања за чистење за да се подигне свеста за загадувањето на планините.

„Зад секој камен има многу конзерви, чевли, текстил… Навистина е ужасно“, велат алпинистите. „45 отсто од отпадот е пластика“, додаваат тие. Боиснард тргнал во акција со 17 луѓе, меѓу кои и 10 шерпаси, кои собирале ѓубре, но бил принуден да се откаже откако добил белодробна инфекција.

Инаку, во 2014 година, непалските власти воведоа закон според кој планинарите треба да го остават ѓубрето пред да се искачат. Надоместокот е 528.000 непалски рупии за Еверест и 396.300 за другите врвови. Доколку алпинистите вратат 8 кг отпад (колку што носат со себе), депозитот се враќа.

Сепак, анализите покажаа дека оваа тактика е неефикасна бидејќи многу малку алпинисти ја следат.

Претходен написи
Килијан Џорнет избега од Еверест по лавина
Следен напис
Kако планинарењето го менува мозокот