Важна информација за Pipes и Black Diamond лавински примопредаватели

Вести

УИАА и Германскиот планинарски сојуз (DAV) споделуваат важна информација за сите корисници на лавински примопредаватели од производителите Pipes и Black Diamond.

Pipes и Black Diamond забележале мал број уреди со неисправна електроника. Во овој случај, уредот може да не се префрли од режим на испраќање во режим на пребарување. Доколку поседувате/користите примопредаватели за лавина од производителите Pipes и Black Diamond, посетете го линкот и следете ги упатствата за да проверите дали е засегната вашата единица.

За целосни детали, инструкции за проверка и детали за контакт, кликнете овде.

UPDATE: На 5 мај, Германскиот планинарски сојуз (DAV) сподели важно ажурирање поврзано со оваа безбедносна проверка, истакнувајќи дека една единствена проверка можеби не е доволна.

Потсетување: Овде може да се најде архивска база на податоци за повлекувања и предупредувања на опремата доставени до UIAA од 2009 година.

Претходен написи
Ултра-траил маратонци од светот трчаа 100км низ Охрид
Следен напис
Непалка е првата жена која 10 пати го искачи Еверест