Викенд прогноза за 14-15 јануари

Вести

Конечно, викендов ќе имаме време и пејзаж кои ќе наликуваат на зимски. Снежната покривка на планините, како што очекувавме и најавивме, не е доволна за било каков вид на скијање. Во текот на овој претстоен викенд временските услови ќе бидат подобри во недела отколку во сабота. Ова особено ќе важи за планините долж западна трансферзала и централниот регион околу Јакупица.

САБОТА: 

Наутро претежно облачно низ цела Македонија, но со генерално добра видливост. Доцна попладне позначајно наоблачување во западен и централен регион, со нагло намалување на видливоста, особено над 1800 метри. Во споменатите подрачја ќе има врнежи од снег до висина околу 1100 метри, но со слаб интензитет, а истите ќе престанат во вечерните часови.

Просечна висина на 0°С изотерма на пладне:  1200 метри.

Температура на слој на воздух на 1500м на пладне:  околу -1°С.

Ветер на 1500м: Слаб до умерен северен.

Ветер над 2000м:  Слаб до умерен северозападен.

НЕДЕЛА: 

Претежно ведро време со одлична видливост. Рано наутро во западен регион услови за изолирана појава на ниска облачност. Наутро и претпладне слабо северно струење, а напладне постепено промена на правец на ветер во југозападен, а со тоа и подигање на висина на нулта изотерма  и пораст на температура.

Просечна висина на 0°С изотерма на пладне: 1300

Температура на слој на воздух на 1500м на пладне: околу 0°С

Ветер на 1500м: Слаб северен наутро, слаб југозападен попладне

Ветер над 2000м:  Слаб до умерен северозападен.

Колку-толку се радуваме на промената на амбиентот, ама и на се поизвесните изгледи за позначајни врнежи од снег на планините во текот на наредната недела.
Уживајте во викендот.

Претходен написи
Планинска фотографија на годината 2022 година
Следен напис
Петра Влхова во Flachau не дозволи Шифрин да ја изброи историската 83та победа