Гвинет Палтроу не е виновна за несреќата при скијање

Вести

Поротата во Судот на Јута (САД) вчера утврди дека глумицата-оскаровка Гвинет Палтроу не е одговорна за повредите што ги претрпел маж при несреќата на скијачка патека во луксузното одморалиште „Парк Сити“.

Тери Сандерсон, пензиониран лекар, велеше оти преживеал потрес на мозокот и четири скршени ребра во настанот во 2016 година. Тој тврдеше дека повредите завршиле со трауматска повреда на мозокот и бараше најмалку 300.000 долари отштета од актерката во граѓанското судење.

Тој, исто така, велеше дека жената, за која, според наводите – подоцна дознал дека е Палтроу, скијала вон контрола и налетала на него од зад грб. Пријател на Сандерсон сведочеше дека видел како Палтроу удира во повредениот човек.

Палтроу, пак, изјави дека таа не ја предизвикала несреќата и оти, всушност, Сандерсон ја удрил неа одзади.

Поротата сепак пресуди дека Сандерсон е виновен нејзе ѝ додели еден долар симболична отштета што таа го бараше во противтужбата.

Претходен написи
MoReSCE 2023 – ОДРЖАН НАЈГОЛЕМИОТ САМИТ НА ПЛАНИНСКИ ЦЕНТРИ ВО РЕГИОНОТ
Следен напис
Голема лавина во популарен швајцарски скијачки центар

Fatal error: Uncaught wfWAFStorageFileException: Unable to save temporary file for atomic writing. in /home/skimacedonia/public_html/wp-content/plugins/wordfence/vendor/wordfence/wf-waf/src/lib/storage/file.php:34 Stack trace: #0 /home/skimacedonia/public_html/wp-content/plugins/wordfence/vendor/wordfence/wf-waf/src/lib/storage/file.php(658): wfWAFStorageFile::atomicFilePutContents('/home/skimacedo...', '<?php exit('Acc...') #1 [internal function]: wfWAFStorageFile->saveConfig('livewaf') #2 {main} thrown in /home/skimacedonia/public_html/wp-content/plugins/wordfence/vendor/wordfence/wf-waf/src/lib/storage/file.php on line 34