Доколку летово сакате вашето дете да помине квалитетни активни денови исполени со спорт, игри и забава во природа на располагање ви е летен тренинг камп во Маврово во организација на водечкиот алпски скијачки клуб СКАДИ од Скопје.
Под водство на тренерот Александар Атанасовски – Чаве, децата ќе имаат можност да искусат најразлични спортски тренинг искуства, кондициони функционални тренинзи и припреми својствени за професионалните алпски скијачки натпреварувачи, како и велосипедизам, планинарење, спортски игри и забава на отворено.
Пријавување и информации на 070 32 71 72