Жените на врвот на заработка во Алпско скијање колку прокнижија од Светскиот Куп

Вести

Жените се најдобрите три финансиски победници од трките на Светскиот Куп во Алпско скијање сезонава, соопшти интернационалната скијачка федерација во Швајцарија.

Lara Gut-Behrami имаше најдобар финансиски биланс со вкупна заработка од награди и добивка од 485,000 Швајцарски франци ($523,000) сметано пред оданочување, вклучително шесте победи на трки со 45,000 Швајцарски франци секоја.

Petra Vlhova, која го освои кристалниот глобус во генерален пласман заработи 444,000 Швајцарски франци ($479,000) на своите 29 (од вкупно 31) натпревари сезонава.

Mikaela Shiffrin пак победи на највредната женска трка, ноќниот слалом во Flachau, Австрија со парична награда од близу 63,000 Швајцарски франци ($68,000), што придонесе на нејзиното конто сезонава да има нови 411,000 Швајцарски франци ($444,000).

Alexis Pinturault кој е актуелен шампион во машка конкуренција е со најдобра заработувачка кај мажите. Неговата вкупна заработка од 379,000 Швајцарски Франци ($409,000), ја вклучува паричната награда од пет победи во вкупно 35 настани.


Највредната трка од Светскиот Куп е озлогласениот спуст Hahnenkamm во Kitzbühel, каде победата беше платена со глава или 87,500 Швајцарски франци ($94,500) а му беше исплатена на победникот Beat Feuz.

Вкупниот паричен фонд за женските и машките турнири изнесуваше 9 милиони Швајцарски франци ($9.7 милиони долари).

Претходен написи
Како двајца Словенци се искачија на највисокиот оџак во Европа
Следен напис
Протест против неконтролираното сечење на шумата на Беласица