Загреб и Сљеме добија најмодерна гондола

Вести

По многу години, градот Загреб повторно доби гондола која се качува од самиот град Загреб на 276 мнв до Медведница, Сљеме на 1030 м.

Иако беше готова уште пред година дена, заради covid мерките новата гондола својата употреба ја дочека од оваа година.

Трасата е долга 5 километри, има 84 кабини со по десет седишта. Може да превезе дури 1.500 патници на час, што е големо подобрување во однос на старата која превезуваше 350 луѓе на час во 90 кабини со четири седишта.

Возењето од долната до горната станица трае дваесетина минути, со брзина од 20 km/h. Кабините се опремени со седишта со греачи, осветлување и (Wi-Fi) интернет.

Изградбата на новата гондола започна во јануари 2019 година, со одлука на градот Загреб, а нејзината градба чини над 375 милиони куни или повеќе од 50 милиони евра. Гласна дебата се водеше за астрономските износи со кои е изградена гондолата споредувајќи ја дека чини повеќе од неколку ексклузивни гондоли во Швајцарија и Франција. Дел од граѓаните низ социјалните мрежи прашуваат дали надлежните државни институции вградувале злато и џакуси во гондолата Сљеме.

Повратниот билет е 50 куни (7 евра).

Претходен написи
Исчистени сите пристапни патишта кон Копанки и Нижеполе
Следен напис
Чешката сензација Ester Ledecka победи на првиот спуст по Олимпијадата