Запознајте ги најмладите планинари

Вести

Брат и сестра соборија рекорд достигнувајќи го врвот на планина од 3000 метри.

На прилично епски семеен одмор, тригодишниот Џексон и неговата седумгодишна сестра Фреја, заедно со нивната мајка и тато, стигнаа до врвот на планината Пиз Бадиле, што е на границата меѓу Швајцарија и Италија. Тоа значи дека и двајцата влегоа во историјата!

Џексон сега е најмладата личност која достигнала врв на планина со таа големина, додека Фреја е најмладата личност што се искачила на планината без помош (тоа значи дека нејзината мајка и тато не ја носеле).

Не е лесно да се искачите на ваква планина и секако тоа може да биде многу опасно, но двојката ги имаше со себе своите родители кои се погрижија да бидат што е можно посигурни. Нивниот татко Лео е всушност професионален алпинист.

„Планината е долг пат кога твоите нозе се долги само половина метар како оние на Фреја“ – изјави Лео. „Фреја самостојно се искачи без никаква помош, а тоа се нарекува слободно качување. Секако се уште го имаше јажето. Поголемиот дел од времето Џексон го имаше малот појас, а тој беше прицврстен преку рамената на мама”, додаде тој.

Откако стигнаа на врвот и на Фреја и на Џексон им беа дадени слатки како награда.

„Беше навистина добро, уживав што се искачив сам“ – рече Џексон. А Фреја додаде: „Ми се виде навистина забавно и навистина застрашувачко. Јас сум многу горда“.

Следното искачување на семејството ќе биде повеќедневно патување преку највисоките планини на Црна Гора.

Претходен написи
Следете во живо ски центар Нижеполе
Следен напис
Швајцарската планина се менува засекогаш