Запознајте ја Србија: 10-те најубави планини, II дел

Вести

6. РУДНИК (ЦВИЈИЌЕВ ВРВ 1.132М)

Планината Рудник доминира во централна Србија, односно Шумадија и е сведок на турбулентната српска историја. Само сто километри јужно од Белград, Рудник е идеален за едноставни тури за планинарење и пешачење. Поради пријатната клима, многу сончеви денови и добар проток на воздух, Рудник одамна е познат како воздушна бања.

Недалеку од Рудник, има важни историски места како Опленац и Таково, а Овчарско-Кабларска клисура, која е позната по своите бројни манастири, е лесно достапна за посетителите.

7. КОПАОНИК (ПАНЧИЧЕВ ВРВ 2.017М)

Покрај Златибор, Копаоник е најпопуларна туристичка дестинација меѓу планините. Таа е највисоката планина во централна Србија и има најголем ски центар во Србија, кој годишно ги собира љубителите на зимските спортови ширум светот. Поради разноврсниот рељеф, создаден во различни периоди, Копаоник го доби името по своето минерално богатство затоа што „таму рудата отсекогаш се вадела“. Копаоник е познат и како „Сребрена планина“ и како „Сончева планина“ поради големиот број сончеви денови во годината. Копаоник е планина која е домаќин на голем број гости во кое било време од годината, па затоа е главна дестинација за подготовка на спортисти поради чистиот воздух и природата.

Големо богатдтво на Копаоник се и термалните води-бањи, меѓу кои најголемата „ѕвезда“ е Јожаничка Бања, но по неа следуваат Луковска, Курчумлијска, а малку подалеку се и Врњачка и Матарушка бања, кои се познати по своите лековити моќи. Секоја планина во Србија игра важна историска улога, вклучително и славниот Коп, кој играше голема улога во средновековната трговија и рударството во Европа.

8. ГОЛИЈА (ЈАНКОВ КАМЕН 1.833м)

Голија, планина во форма на буквата С, е комбинација на прекрасна природа, српска историја и култура и современиот свет. Сместено е на околу триесетина километри северно од Нови Пазар, помеѓу Ибар, Студеница и Моравица, па заедно со Копаоник е вистински дар од непроценлива природа. Голија е богата со вода, шумски плодови и лековити билки, но е една од малку позахтевните планини за кои е потребна малку поголема кондиција. Снегот се задржува 5 месеци, но она што ja прави Глоја посебna, се велосипедските патеки што ja поврзуваат со Тара, Златар, Мокра Гора и Дивчибаре. Прошетката низ ливадите на Голија значително ќе го подобри здравјето на секој што ќе реши да ја запознае Голија.

Бројни рурални домаќинства со традиционален и рустичен изглед му овозможуваат на посетителот автентична слика и искуство на централна Србија, а за оние кои се подготвени малку подлабоко да ја запознаат духовната страна на Србија, посетaта на бројните манастири, меѓу кои најзначајниот манастир Студеница, се наоѓаат на списокот на сите авантуристи.

9. ПРОКЛЕТИЈЕ (ЃЕРАВИЦА 2,656 М)

Проклетије се именувани според нивната сурова и уникатно дива неистражена природа. Овој планински масив ја формира природната граница помеѓу Србија, Црна Гора и Албанија. Овој необичен планински гребен е богат со кристално чисти планински реки и езера и е најголемиот планински систем во Европа со најголем број на глечери кои оставиле траги на острите рабови на планината. Заедно со речните долини кои се вистински бисер на оваа област, Проклетије претставува голем предизвик за многу професионални планинари и авантуристи кои се осмелуваат се повеќе и повеќе да ја запознаат нејзината дива убавина.

Ерата на средновековната српска држава оставила најзначајни траги од материјална и духовна култура, меѓу нив најголема вредност имаат манастирите Високи Дечани и Пеќската патријаршија.

10. ФРУШКА ГОРА (ЦРВЕНИ ЧОТ 539M)

Она што некогаш беше остров во Панонското Море, сега е скапоцен камен на Србија. Фрушка Гора е планина лоцирана во Војводина, во Срем, додека помал дел преминува во Хрватска. Областа на Фрушка Гора е најголемото наоѓалиште на липа во Европа, а бројни српски манастири се скриени во долините.

Падините на планините се прекриени со лозја чие вино ужива голема популарност. Автентичниот изглед на планината и рамнините на Војводина направи Фрушка Гора да не биде само викенд населба, туку и неизбежна туристичка дестинација за туристите кои доаѓаат во Србија, особено во Нови Сад.

Претходен написи
Запознајте ја Србија: 10-те најубави планини
Следен напис
Снегот се врати над 2000м