Кризна состојба наредните 30 дена

Вести

Од денеска почнува 30 дневната кризна состојба на цела територија на државата поради активните пожари кои се уште беснеат на одредени делови во земјата. Владата денеска на седница ја усвои оваа одлука a ја потврди првиот вицепремиер Артан Груби кој уште утово ја свика владината седница. 

– Кризната состојба е дефинирана како состојба предизвикана од ризици и опасности кои можат да ги загрозат добрата, здравјето и животот на луѓето и животните и безбедноста на државата, за чија превенција или справување е потребна употреба на поголем обем на ресурси. Одлуката за нејзино прогласување не може да трае подолго од 30 дена .

Доколку има потреба да биде продолжен период за кризна состојба, Владата треба да побара одобрување од Собранието за продолжување на рокот или да предложи прогласување на воена или вонредна состојба. Собранието и претседателот на државата во секое време може да побараат усмен или писмен извештај за состојбата во областа за управување со кризи.

Законот и овозможува на владата да донесува одлуки и да ги задолжи МВР, Армијата, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и Министерството за здравство со сите останати засегнати државни институции, како и единиците на локалната самоуправа да ги стават на располагање сите расположливи капацитети и ресурси кои можат да се стават во функција за справување со кризната состојба. 

Кон крајот на минатата година, беше прогласена кризна состојба поради состојбата со Ковид-19, во екот на вториот бран. Исто така, веќе неколку години во земјава се продолжува кризната состојба на јужната и на северната граница, поради ситуацијата со мигрантите.

✅ Во тек е забраната за движење во шумски подрачја ширум целата земја.
✅ Пристигнатата помош од соседите е веќе ставена во употреба и дејствува заедно со нашите противпожарни и армиски сили.
✅ Петте хеликоптери од утринава веќе го гаснат пожарот во Пехчево и ќе останат на позициите сè додека временските услови го дозволуваат тоа.
✅ Подготвени за дејствување се сите капацитети на Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, како и медицинскиот персонал во земјата во случај да се јави потреба од тоа.
✅ Сите надлежни институции доследно ги извршуваат своите обврски согласно ингеренциите кои ги имаат. Се дејствува соодветно, координирано и прописно, со ефективно користење на сите расположливи капацитети.

Владата упатува апел за смиреност, следење на изречените мерки и подготвеност да се помогне онаму каде што има можност.

Претходен написи
Унеско ја заштити долината на Длабока река на Кораб
Следен напис
Детски тренинг камп во Маврово