Лудото, непредвидливо искачување на Манаслу имаше нови проблеми денес, кога Симоне Моро великодушно му ги даде на Ињаки Алварез неговите дерези, принудувајќи го Моро да се врати во базниот камп по резервни.
Приказната оди вака: Искористувајќи го прекрасното сончево утро денес, сите алпинисти се искачија кон Кампот 3. Алекс Тксикон, Ињаки Алварез и Шерпасите тргнаа од Камп 2, додека Моро тргна од Камп 1, во надеж да ги стигне другите во текот на денот. Тие се сретнаа на околу 6.500 метри, при што Моро откри дека Ињаки Алварез изгубил дереза. Алварез веќе беше на планината три ноќи, „па затоа не е фер да го испратите долу“, рече Моро, кој му ги даде на Алварез неговите дерези и се врати назад во базниот камп по уште еден пар.
Назад во базнит камп Моро објави видео, снимено со Алварез на 6.500 метри претходно во текот на денот, објаснувајќи го необичниот настан.
Ова непланирано заобиколување значи дека Италијанецот изгубил два дена качување. Ако сака да се качи во недела со остатокот од тимот, ќе мора да го напушти базниот камп утре, да се искачи назад каде што неговите партнери ќе го постават Кампот 4, а потоа да тргнат кон врвот повторно со групата следната вечер.
Тксикон и остатокот од тимот се на Камп 3 на 6.550 метри. Симоне Моро порано стигна до оваа точка, највисока досега, и тука ги остави јажињата и опремата.