Предсезонски во рамките на ски центарот Копанки на Пелистер се вршат повеќе активности како дел од планот за тековната година.
Ремонтиран е ски лифтот на горната ски патека , електро машинската опрема, дополнително се работи на рамнење и расчистување на ски патеките од нискостеблести растенија, камења. Се прават соодветни одводни канали за да се намали ерозија и унишување на ски патеката. Дополнително се врши сеча на стари и исушени дрвја покрај пристапниот пат кој води кон центарот и хотел Молика.