На Шара се леташе каква е финиш линијата на Sky Race

Вести

Облачното време и свежината придонесоа бруталната трка на Titov Vrv Sky Race 2021 да помине со нијанса олеснителни околности. Трката во силна конкуренција помина со два нови рекорди кај мажите и жените. Неверојатни бројки отчукаа мерните станици. Секоја чест за овие летечи девојки и момци. Кај дамите победничката Елена Ртоска 3:16:51 постави нов рекорд на патеката, зад неа пристигнаа Сања Најдовски и Снежана Џуриќ

Победникот на трката во машка конкуренција, Дејан Ангелоски патеката од Попова Шапка, преку Антени, Бакардан до Титов Врв и назад ја истрча за импресивни 2 часа 19 минути и 36 што преставува и нов рекорд. Сите момци финишираа со лично најдобро време и ја докажаа нивната издржливост на оваа брутална трка.

Натпреварувачите во овие брутални планински трки се вистинска инспирација и восхит за границите на човечките можности и напор.

Табела целосни резултати

🥇 Елена Ртоска 3:16:51 (рекорд)
🥈 Сања Најдовски 3:25:00
🥉 Снежана Џуриќ 3:33:47

🥇 Дејан Ангелоски 2:19:36 (рекорд)
🥈 Александар Кирковски 2:40:45
🥉 Никола Илиевски 2:44:20

Претходен написи
Маврово во јуни, кога за забава не ви треба многу
Следен напис
Угоре високо, удолу полно со градежен отпад