Напредува изградбата на новата Трифкова колиба

Вести

Ресорт Маврово како водечки центар инвестираше во создавање на нови летни искуства исполнети со бројни активности за посетителите на центарот. Омилената скијачка дестинација за многумина летнава сезона е постојано активна, особено со викенд забавите на Старо бачило.

Паралелно се одвива реконструкција и надградба на Трифкова Колиба. Предвидено е зголемување на капацитет за околу 4 пати, зголемување на капацитетот и пристапност до тоалетите од внатре и директно од стазите, голема нова кујна, со проширен асортиман и понуда на храна. Ресторанот ќе се прошири за еден кат, со убав галериски простор и излез на пространа тераса. Бачилото комплетно ќе се отвори кон сончевата страна со стаклени прегради, со што ќе се претопи внетрешноста со природата. Освен на терасата, седењето надвор ќе се организира и околу самото бачило каде што ќе има поставено платформа со клупи и маси, лежалки за сончање и сл. Во склоп на овој дел ќе биде поставено и детско игралиште за вистинско уживање на најмладите.

Во тек е и изградбата на велосипедски адреналински парк, опремен со електрични велосипеди, други потребни реквизити и опрема, за сите љубители на планинскиот велосипедизам. Велосипедските патеки ќе бидат соодветно маркирани, а ќе се организираат и обуки за безбедност на тури и управување со вело паркот.

Нов простор за фитнес активности, за сите оние кои сакаат да го комбинираат патувањето со активен ден и тренинг во планинско опкружување.

Дел од активностите можете да ги следите во живо на нашите камери

Дополнително сите економски субјекти кои се дел од туристичката понуда на Маврово, имаат можност преку најмодерен и единствен сервис во Македонија, да се промовираат преку панорамската камера со линкови и информации за нивните производи и услуги за домашните и странски посетители кои директно се интересираат за мавровскиот регион.

Претходен написи
Детски тренинг камп во Маврово
Следен напис
Западен Балкан е многу погоден од климатските промени