Научниците oткриваат како дождот може да ги „обликува“ планините

Вести

Дали дождот навистина може да ги „обликува“ планините?

Група научници предводени од Универзитетот во Бристол, открија нова техника за да им помогне да утврдат како дождот може да ги промени нашите планини, реки и долини. Како дел од нивното истражување, научниците ги проучувале централните и источните области на планинскиот венец Химали. Оваа област е една од најпроучуваните пејзажи во светот, за гледање на ерозија – што е името на процесот што се случува кога површината на Земјата ќе се истроши. Научниците велат дека нивното ново истражување може да помогне да се отвори патот за предвидување на влијанието на климатските промени врз пејзажите и, за возврат, на човечкиот живот.

Водечкиот автор д-р Бајрон Адамс од кралско друштво Дороти Хоџкин соработник на универзитетскиот институт Кабот за животна средина, рече: „Може да изгледа интуитивно повеќе дожд да може да ги обликува планините правејќи реките побрзо да сечат низ карпите. Но, научниците исто така веруваа дека дождот може да го еродира пејзажот доволно брзо за суштински да ги „исцица“ карпите од Земјата, ефикасно извлекувајќи ги планините многу брзо нагоре. И за овие теории се расправаше со децении бидејќи мерењата потребни за да се докажат се толку макотрпно комплицирани“.

Истражувачите користеле космички часовници во зрна песок, за да им помогнат да измерат колку брзо реките ги еродираат карпите под нив.

„Кога космичката честичка од вселената ќе стигне до Земјата, веројатно ќе се погоди со зрна од песок на ридските падини, за потоа да се транспортираат кон реките“, рече д-р Бајрон Адамс, главниот автор на студијата. „Кога тоа ќе се случи, некои атоми во рамките на секое зрно песок можат да се трансформираат во редок елемент. Пресметувајќи колку атоми на овој елемент се присутни во вреќа со песок, можеме да пресметаме колку време песокот е таму, и оттука колку брзо еродира пејзажот. Овој модел ни овозможува за прв пат да измериме колку врнежите влијаат на стапките на ерозија во цврст терен“, тврди д-р Адамс.

Научниците велат дека нивните откритија се важна лекција за тоа како луѓето да градат на копно, како и начин да дадат предупредувања за потенцијални одрони или поплави.

Претходен написи
За Велигден во Галичник
Следен напис
Килијан Жорнет и Дејвид Гетлер се здружуваат за западниот гребен на Еверест